Уништени генерации: Дали е ова најголемата грешка на науката?

Точка

03/01/2017

16:00

8.020

Големина на фонт

а а а

И покрај откритијата на атомската бомба, фосилните горива и биолошкото оружје, од етичка гледна точка, ова може да се каже дека е најголемата грешка во историјата на науката.


Од своето настанување до денес, науката претставува едно од најврвните човечки достигнувања и занимања. Науката е извор на инспирација и знаење, моќно оружје против суеверието и катализатор на социјалните промени.

Сепак, во одредени околности науката е користена во служба на цели, чија што добронамерност е под голем знак прашалник. И покрај откривањето на атомската бомба, на фосилните горива и биолошкото оружје, од една етичка гледна точка, најголемата грешка во историјата на науката е класификацијата на луѓето според раса.


Расната теорија се издвојува од останатите „зли изуми“ по тоа што има предизвикано најмногу патења и злосторства од сето тоа што беше наведено. Таа со векови служеше како оправдување за колонијализмот, ропството и дури и за геноцид.

Поимот „раса“ го измислија антрополозите како што е Јохан Фридрих Блуменбах кој во 18-тиот век се обидел да категоризира нови групи на народи со кои што се среќавал и кои што ги експлоатирал во периодот на самиот врв на европската колонијална експанзија.


Од почетокот, неговата суштински субјективна категорија на раса била општо прифатена и тоа не според некои биолошки параметри, туку поради релативни културни и разлики во јазикот. Постоењето на „расите“ како биолошки категории се појавило нешто подоцна, кога послужило како основа за теориите за интелектуална и физичка супериорност на одредени раси.

Еден од резултатите на оваа катастрофална теорија може да се каже е Втората светска војна, од која што светот и ден денес се опоравува.


Спонзорирани линкови

Маркетинг