Идеален производ за во Македонија: Со „паметен шал" против загадениот воздух

Точка

03/01/2017

15:00

5559

Големина на фонт

а а а

Wair е паметен шал кој што има вградена респираторна маска со која што „ќе го победите“ загадениот воздух во Македонија, а истовремено ќе изгледате модерно.

Француска стартап компанија претстави интересен спој на модата и технологијата – Wair, паметен шал кој што има вградена респираторна маска, односно филтри за честичките кои што ги има во загадениот воздух.

Покрај тоа, паметниот шал Wair преку посебна апликација ќе биде поврзан со вашиот телефон, па така сопственикот на шалот ќе добие известување кога треба шалот да го стави преку носот, односно кога треба да ја стави респираторната маска.


„Ова е спој на мода, состав на филтрација на воздухот и апликација, со цел – превенција на дишењето на загадениот воздух“, изјави основачката на компанијата Керолин Ван Рентгерхем, додавајќи дека заштитата од загадениот воздух е многу важна, но многу луѓе не ги користат заштитните респираторни маски затоа што „не изгледаат убаво“.

Wair, исто како и телефонот, ќе мора да се наполни преку Micro USB влезот, а може да се пере и како секое друго парче облека под услов од него да се извади филтерот кој ќе мора да се менува кога апликацијата ќе ве потсети за тоа.



Спонозорирани линкови

Маркетинг