Прва фотографија: Ова е новиот Mercedes GLA за 2017-та година

Точка

03/01/2017

14:01

4.063

Големина на фонт

а а а

Официјалната премиера на рестилизираниот компактен кросовер модел ќе се одржи во понеделник, на 9-ти јануари, на Саемот за автомобили во Детроит.

Со оглед на фактот дека поминаа и нешто повеќе од три години откако Mercedes ни го претстави моделот GLA на франкфуртскиот Саем за автомобили во 2013-та година, дојде време за модернизирање и на ова возило.

И во очи на официјалната презентација на редизајнираната верзија, германскиот производител ја објави првата тизер-фотографија од освежениот Mercedes GLA.

Иако фотографијата е делумно затемнета, се наѕираат дискрени промени на предниот дел од возилото, како што се на пример светлата за магла, а се забележува и преобликувана маска на ладилникот и браникот.

Треба да се очекува и помал редизајн на задниот дел од автомобилот, во вид на изменети стоп светла и рестилизиран браник.


Освен тоа, Mercedes на купувачите најверојатно ќе им понуди и некои нови нијанси во палетата од бои за каросеријата, како и нов дизајн на алуминиумските фелни.

Промените ќе ја опфатат и кабината на возилото, вклучувајќи ја тука и модернизацијата на мултимедијалниот систем, а на располагање ќе бидат и нови дезени на седиштата.

Повеќе детали секако ќе бидат познати после премиерата на новиот Mercedes GLA во Детроит, а првото појавување пред европската публика новата верзија за 2017-та година ќе го има на женевскиот авто-саем во месец март.


Спонзорирани линкови

Маркетинг