Серијалот "Планета Земја" во 2016. година го оставил светот без здив, а сега доаѓаат тешки обвиненија

Точка

03/01/2017

13:41

9000

Големина на фонт

а а а

Мартин Хјуз Гамс, продуцент и водител на серијалот "Springwatch" на "BBC", но и ривал на Дејвиуд Атенборо, сценарист и водител на документарецот "Планета Земја", рекол дека тој серијал е "катастрофа за светот на дивите животни" и дека придонесува за нивното изумирање.

Според наводите на Гамс, творците на "Планета Земја" го игнорираат масовното изумирање на животинските видови.


"Творците на овој серијал продолжуваат да го снимаат и прикажуваат прекрасниот и забавниот свет на животните, каде тигрите слободно лутаат. Создале утопија, и покрај масовното изумирање. Тие одат во резервати и посебни паркови, каде природниот свет е целосно одвоен од луѓето, кои се главна закана за изумирањето", навел Гамс.

"Документарецот "Планета земја" ја залажува светската публика и ѝ дава лажно чувство за безбедност, каде нема ни показатели за некои катастрофи кои можат да ја разбијат таа илузија", навел Гамс.


Меѓутоа, нападниот Атенборо, и претходно, со помош на својот документарец "Планета Земја" укажал на тоа дека нашата планета треба да биде дом не само на луѓето, туку и на сите други живи суштества, и дека треба да се потрудиме да биде така, молејќи се за поголема заштита на животните. Тој исто така зборувал за тоа дека неговиот серијал овозможува луѓето да останат во контакт со природата.


Гамс навел дека тој не се противи на емисии како "Планета Земја", истакнувајќи дека "фантазијата треба да биде урамнотежена поради реалноста" и ја повикал BBC да направи повеќе програми кои се занимаваат со природата и со заштитата на животинските видови.


Спонозорирани линкови

Маркетинг