10 докази дека вулканите се помеѓу најопасните оружја на природата

Точка

03/01/2017

13:31

2406

Големина на фонт

а а а

Ако вдишувате на пример вулканска магла или мешавина од сулфурен диоксид, честички прашина и влага подолг временски период, тоа е исто како целиот свој живот да сте пушеле по најмалку една кутија цигари на ден.

1. Вулканска магла (VOG)

Вулканската магла е мешавина од сулфурен диоксид, честички прашина и влага, коишто не убиваат веднаш, но се доволно опасни за да наметнат поставување на табли со опомена поради самата штетност. Вулканската магла предизвикува и кисели дождови.

2. Вулканска река

Вулканската река се јавува пред да експлодира вулкан покриен со снег. Може да патува со брзина од 65 километри на час и да биде длабока и до 120 метри. Дури 17 отсто од смртните случаеви поврзани со вулкани се случуваат токму на овој начин.

3. Рушење предизвикано од натрупан пепел

Пепелот е мек и пуфкаст, но ако не го вдишувате, мислите дека сте сосема безбедни? Но, замислете што би се случило ако тој се натрупа на вашиот покрив. Токму тоа се случило во 1991-та година, кога Маунт Пинатубо исфрлил повеќе од еден тон пепел по кубен метар, усмртувајќи 847 лица, коишто останале заробени во своите домови.


4. Затајување на авионските мотори

Секој ден на стотина комерцијални летови им се закануваат активните вуклани коишто во секој момент би можеле да лансираат остатоци во моторите на авионите. Уште повознемирувачки факт е дека тоа се случило повеќе од 90 пати во текот на последните 30 години. За некое чудо, сè уште немало фатални последици од ваквите случаеви.

5. Влетување директно во вулкан

Авион на Air New Zealand се срушил во 1979-та година во вукланот Еребус поради неисправни координати. Сите патници загинале. И додека вие коментирате дека технологијата денес е доволно напредната за да се избегнат ваквите грешки, сетете се на 2012-та година кога рускиот патнички авион се залета директно во Маунт Салек во Индонезија.

6. Отровни гасови

Највисокиот вулкан на островот Јава исфрла отровни гасови, коишто биле кобни за еден познат политички активист. Тој ги игнорирал опомените и починал искачувајќи се на вулканот Семер, и тоа токму како последица на вдишувањето на таквите штетни гасови. Исто така, дури 147 лица во 2002-та година починале поради вдишување на јаглероден диоксид од ерупцијата на вулканот Нирагонго.

7. Стоење "близу работ"

Иако може да направите победничка Instagram фотографија, имате добра шанса да ја изгубите рамнотежата и да исчезнете во мрачните длабочини на кратерот. Токму тоа му се случило на Јосеф Бохлиг во 2010-та година, а потоа се повторило и со еден 25-годишен маж на Маунт Батор во Индонезија.


8. Река од лава

Замислете река од лава којашто достигнува температура и до 1830 степени Целзиусови? Ништо не може да преживее на нејзиниот пат!

9. Лава бомби

Лава бомбите се парчиња жешка лава коишто вулканот како проектили ги ифрла во воздухот. Се работи за опасност којашто секако би требало да се избегнува.

10. Прилив на високи бранови

Вулканските ерупции предизвикуваат цунами, па и нив ги вбројуваме помеѓу смртоносните последици предизвикани од токму од ерупциите. Се проценува дека на тој начин загинале повеќе од 36.000 лица.


Спонозорирани линкови

Маркетинг