По пет децении Волво не е најпродаван автомобил во Шведска

Макфакс

03/01/2017

10:59

2.210

Големина на фонт

а а а

Најпродаваниот автомобил во Шведска во 2016 година не бил Волво – ова се случува прв пат во повеќе од поливина век.

Наместо тоа, Фолксваген Голф е на врвот на продажбата минатата година, соопшти според шведската Асоцијацијата на производители на автомобили.

Голф сочинува 5,9 проценти од новите автомобили купени во земјата, додека Волво имаше дел од 5,7 проценти од продажбата.

Последен пат кога Волво не бил на врвот на листата најпродавани возила било во 1962 година, кога Фолксваген буба беше на чело на листата.

Иако автомобислкиот бизнис на Волво сега е во сопственост на кинеска компанија, Zhejiang Geely холдинг група, се уште се смета за иконa на шведскиот бренд.

Волво сеуште има најголем удел во вкупниот пазар на автомобили во земјата, имајќи предвид дека повеќе од еден во пет автомобили (21,5%) на патиштата во Шведска се Волво, во споредба со 15,7 проценти на Фолксваген.

Здружението вели дека во 2016 имало рекордна продажба на автомобили со 372.000 нови регистрации, што е за 8 проценти повеќе во однос на бројката од 2015 година. Ваквиот пораст се должи на силната економија, пренесува BBC.


Спонзорирани линкови

Маркетинг