Асот на Реал донел одлука: Роналдо знае на која позиција ќе игра неговиот син

Дерби

31/12/2016

15:49

5.681

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо по добро ќе ја памети 2016 година во која со Реал Мадрид и Португалија дојде до најпрестижните титули кои пак му помогнаа потоа и да ја освои Златната топка која секако донесе голема радост за него и неговите најблиски.

Во тој круг секако е неговиот син Кристијано Јуниор кој ако сака во иднина да биде фудбалер мора да ги следи стапките на својот татко и да игра на позицијата напаѓач. Ова е единствен прифатлив избор за Роналдо кој ова го соопшти за телевизиски канал од Египет.

- Секако дека сакам мојот син да биде фудбалер како татко му. Знам дека е голем предизвик, дека не е лесно. Тој може да биде што сака, нема да му правав притисок. Малку ќе ги притиснам да бида фудбалер. Не сакам да биде голман, сакам да биде напаѓач. Аме ќе биде тоа што сака, јас не сум загрижен, - истакна голгетерот на „кралевите“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг