Јануари за некои корисници на Galaxy ќе биде одличен месец...

Точка

31/12/2016

12:00

8.392

Големина на фонт

а а а

Најдобрите и најпопуларни телефони на јужнокорејски Самсунг – Galaxy S7 и S7 Edge на почетокот од идната година ќе станат уште подобри и помоќни.

Од Самсунг најавија крај на бета тестирањата на Android Nougat софтверот за Galaxy S7 и S7 Edge паметните телефони и најавија дека конечната верзија од оперативниот систем на корисниците ќе им биде испорачана во јануари.

Сопствениците на овие телефони ќе добијат уште побрзи и помоќни телефони – на располагање ќе добијат побрз и полесен Android софтвер кој ќе биде збогатен со нови функции, а меѓу другото ќе добие и некои од функциите на Galaxy Note 7, пренесува PhoneArena.


Од Самсунг потврдија дека бета верзијата ќе биде прекината до 30-ти јануари 2017-та година, што значи дека Android Nougat ќе биде испорачан порано во текот на истиот месец.

На специјализираните портали е објавено дека веќе протекле кратките упатства на Самсунг кои што се испорачуваат со новите телефони, а истите ги прикажуваат Nougat опциите кај Galaxy S7 и S7 Edge телефоните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг