Зошто религиозните искуства и дрогата исто влијаат на луѓето?

Точка

30/12/2016

17:00

4.815

Големина на фонт

а а а

Религиозните искуства делуваат на истите делови од мозокот кои што реагираат кога се се слуша музика, ќе се почувствува љубов или пак ќе се земе марихуана.

Религиозните искуства можат да имаат исти ефекти на мозокот како и земањето на дрога, вели најновата студија на научниците на американскиот Универзитет Јута.

Научниците од Универзитетот користеле магнетна резонанца за да ги следат активностите на 19 припадници на движењето на Мормоните додека извршувале низа на активности која што вклучувала одмарање, гледање на црковни известувања, молитви, читање на не-мормонска религиозна литература, како и читање на Библијата.


Истражувачите избрале млади Мормони – 7 жени и 12 мажи кои што имале од една до две години работа како мисионери што кај Мормоните е вообичаена работа.

За време на исптражвањето, на учесниците им било кажано да притиснат копче кога ќе „почувствуваат присуство на дух“.

Кога ги проучувале снимките од мозокот, истражувачите забележале дека одредени делови од мозокот посебно реагираа кога испитаниците пријавувале дека чувствуваат присуство на дух, односно кога кај нив завладеале „духовните мисли“.


Научниците велат дека ова се истите делови од мозокот кои што реагираат кога се слуша музика, ќе се почувствува љубов или пак ќе се земе марихуана. Овој дел од мозокот е познат како „центар за награди“ кој што има клучна улога во испуштањето на допамин – кој што влијае на расположението на човекот.

Сепак, научниците се согласуваат дека религиозната неврологија е сосема млада гранка и ова е само една од првите студии кои што се направени на ова поле. Тие велат дека илјадници луѓе донесуваат одлуки врз основа на нивните религиозни чувства и тоа е важен мотиватор.


Спонозорирани линкови

Маркетинг