Десет години од погубувањето на Садам Хусеин

Макфакс

30/12/2016

14:34

3.368

Големина на фонт

а а а

Пред десет години, 30-ти декември 2006 година, поранешниот ирачкиот претседател Садам Хусеин беше погубен со бесење, три години по апсењето и судењето на ирачкиот суд на кој беше прогласен за виновен за злосторствата против човечноста и беше осуден на смрт.

Сојузничките сили предводени од американската војска во 2003 година започнаа инвазија врз Ирак, во операцијата наречена „Ирачка слобода“, под оправдувањата дека Садам Хусеин трупа оружје за масовно уништување, кои подоцна се покажаа неточни. Им беше потребно помалку од еден месец да го скршат отпорот на разединетата ирачка војска, но Садам не го пронајдоа.

Вашингтон понуди 25 милиони долари за неговото апсење. Околу 600 војници учествуваа во операцијата на потрага наречена „Црвено утро“, според американскиот антикомунистички филм снимен во 1984 година. Според некои аналитичари, тоа може бил и најголемиот лов на еден човек во историјата.

Го пронајдоа на 13-ти декември 2003 година по осум месеци потрага, врз основа на разузнавачки податоци, „во дупка за стаорци“ како што опишаа Американците, покрај неговиот роден град Тикрит. „Го имаме“, објави следниот ден во Багдад шефот на американската цивилна управа во Ирак, Пол Бремер.

На видео снимката од апсењето, ирачкиот диктатор изгледаше како бездомник, со лице со траги од искасано од болви, зарасната во брада и со отсутен поглед, На војниците кои го уапсија на англиски им рече „Јас сум Садам Хусеин, претседателот на Ирак и сакам да преговарам“. Не даваше отпор. Во близина се пронајдени и два „калашникова“ и 750.000 долари во готовина.

Американците една година подоцна го предадоа на ирачките власти за на специјалниот ирачки суд му се суди за злосторства против човечноста. Судењето траеше од октомври 2005 до јули 2006 година. Пркосниот Садам, кој цело време го оспоруваше легитимитетот на судот, беше осуден на смрт 5-ти ноември 2006 година.

Неговите џелати моментот на погубувањето го снимија со видео камера. „Не видов никакви знаци на страв“, изјави поранешниот советник Муфак ал-Руби, кој бил присутен на извршувањето на смртната казна. За време на режимот на Садам, тој трипати беше во затвор. „Пред погубувањето извикуваше дека ѝ посакува смрт на Америка, смрт на Израел и на Персијците (Иранците), и посака долго да живее Палестина“, изјави ал-Руби.

Откако човекот кој владееше со Ирак повеќе од 30 години е прогласен мртов, мнозинските шиити (околу 65 отсто, според податоците на американската CIA), кои многу патеа под неговата власт (Садам потекнуваше од сунитското малцинство – 35 отсто), излегоа на улиците и прославуваа.

Бруталното погубување, во коешто американската армија тврди дека не учествувала на ниеден начин, ги шокираше сунитите и предизвика меѓународна осуда, освен во Израел и во Иран.

Ден по погубувањето, Садам беше погребан во родното село Ауџа, покрај Тикрит, заедно со двајцата синови Удај и Куса, кои се убиени во ист ден во операција на американските сили во Мосул во јули 2003 година.

За Халиф Абдел Самил, пратеник на партијата Дава, една од најголемите шиитски политички организации во Ирак, смртта на Садам Хусеин претставуваше „крај на змијата којашто ги сведе Ирачаните, на ново на понижените луѓе“.

Под неговата власт од 1070 до 2003 година, репресијата беше брутална, а војната со Иран од 1980 до 1988 година и Заливската војна од 1990/1991 година и проследуваните санкции имаа разорен ефект по земјата. Оттаму, во Ирак нема многу носталгија по Садам Хусеин. Но поради жестоките конфесионални судири и тероризмот во земјата, во периодот од 2006 до 2008 година, и во поново време војната против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава чија основа ја сочинуваат офицери и војници во садамовата армија, постојаната несигурност и нестабилност, раширената корупција, меѓу сунитите се наоѓаат некои кои жалат по неговото владеење. Иако немаше демократија, имаше стабилност, е нивниот аргумент.


Спонозорирани линкови

Маркетинг