Ибрахимовиќ направи уникатна анализа и објасни зошто Кристијано никогаш нема да биде како Бразилецот Роналдо

Дерби

30/12/2016

11:21

5.358

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ во повеќе наврати досега има порачано дека негов најголем идол во фудбалот е легендарниот бразилски напаѓач Роналдо, играч кој според големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед не може да се стави во ист кош со неговиот презимењак кој има светска слава во изминативе 10-тина години.

Ибра во свој стил застана зад сето она што го оствари поранешниот бразилски напаѓач, а во својата анализа за „ЕСПН“ се обиде да објасни зошто Кристијано Роналдо никогаш нема да биде како неповторливиот „Ел Феномено“.

– За мене, феноменот Роналдо беше најдобар. За мене, тој беше пример за тоа што треба да претставува фудбалот. Сè што ќе направеше на теренот се проследуваше со неверица. Начинот на кој дриблаше, начинот на кој трчаше… Роналдо беше природен, тој беше роден да биде тоа што е. Тој не стигна до тоа ниво со напорни тренинзи. Играчите како него не се создаваат, такви само се раѓаат. Тој беше уникат. Што се однесува до Кристијано Роналдо, многу работи се поразлични. Поразлично е бидејќи тој е финален резултат од напорниот тренинг. Тој не е природен и тоа е големата разлика, – вели Ибрахимовиќ кој дава свое мислење и за Роналдињо.

– Со Роналдињо играв заедно во Милан, но тој веќе не беше во најдобрите денови. И покрај тоа, уживав да играм со него, правеше останатите играчи да изгледаат како деца покрај него. Ги дриблаше противниците кога и да посака, – додава Швеѓанецот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг