Владо Јаневски откри: Имам деца но не сум ги растел!

Точка

30/12/2016

10:15

11.367

Големина на фонт

а а а

Каде и да одите за нова година, во сабота на 31 декември, во 19 и 15 часот гледајте ја една од најдолго очекуваните епизоди од “Еден на Еден” на “Телма” - гостувањето на Владо Јаневски!

Прв пат на вакво интервју по цели 15 години, Владо има многу прашања за одговарање. Зошто го немаше толку време, која е причината поради која ги игнорираше медиумите, што му се случува во љубовниот живот, за кого е напишана „Од овој ден“, која песна го расплакува, за неговите вонбрачни деца и уште многу, многу интересни детали од животот на македонскиот омилен пејач.

Плус, во оваа новогодишна епизода која ќе трае малку подолго од вообичаено, ќе се појават и еден од нашите најдобри вокали - Влатко Лозаноски, групата „Маестро“ и познатиот водител Огнен Јаневски.

Репризното издание на новогодишната “Еден на Еден” ќе имате прилика да ја погледнете на Божиќ во истиот термин, 19 и 15 часот на “Телма”.

Погледнете накратко дел од разговорот помеѓу Жаре и чаирскиот романтичар:



Спонозорирани линкови

Маркетинг