Година за челични нерви: Еве што предвидува Стратфор за 2017-та година

Точка

29/12/2016

16:17

5.318

Големина на фонт

а а а

Некои од факторите кои што драматично и трајно ќе влијаат на глобалната економија и обликување на светскиот поредок не само што веќе започнаа, туку може да се почувствува и нивното влијание.

Американската агенција Стратфор предвидува дека во 2017-та година ќе биде уништена Исламската држава, но и дека повторно ќе се активира Ал Каида. САД ќе ги заостри односите со Кина, а ќе ги поправи со Русија, а дезинтеграцијата на Европската унија ќе продолжи.

Стареењето на популацијата во развиениот свет, технолошките иновации кои што ги затвораат работни места, подигнувањето на кинеската економија и супституцијата на увозот на таа земја на домашните производи, се некои од факторите кои што драматично и трајно ќе влијаат на глобалната економија и тоа не само идната година, туку и во следните децении, прогнозира Стратфор.

Во најновата прогноза за случувањата во 2017-та година, оваа американска приватна разузнавачка компанија ги оценува ветувањата на Трамп за повлекување на земјата од мултилатералните трговски договори и обврски во странство поради јакнење на конкуренцијата на домашната економија како нереални.


„Ревизијата на трговските односи со светот на начинот на кој што планира да го стори тоа Вашингтон можеше да се изведе пред неколку децении. Но, тоа не е изводливо во сегашниот глобален поредок кој што еволуира, каде што е присутен брз технолошки напредок во производството и каде што економиите, големите и малите, цврсто меѓусебно се поврзани со глобалните доставувачки ланци“.

Тоа значи дека САД нема да може да ги спроведе сеопфатните и големи промени во Северноамериканскиот договор за слободна трговија. Всушност, дури и ако се репрограмира тој трговски договор, земјите од Северна Америка и натаму ќе имаат цврсти трговски односи долгорочно, предвидува Стратфор.

Аналитичарите на Стратфор, меѓутоа, сметаат дека САД ќе има повеќе простор за селективно наметнување на трговски бариери кон Кина, посебно во секторот на металската индустрија и оценуваат дека ризикот од растењето на трговските „искри“ со Пекинг ќе се почувствува „на долго и широко“.

Според анализата на Стратфор, идната 2017-та година ќе биде критична за Европската унија.


„Изборите во носечките столбови на Европската унија – Франција и Германија, како и можните избори во земјата со трета најголема економија во еврозоната – Италија, ќе има влијание на нивните меѓусебни односи, а ќе го загрози дури и опстанокот на еврозоната“, предвидува Стратфор.

Агенцијата потсетува на своето предвидување кое што го изнесува веќе со години, а тоа е дека Европската унија со текот на времето ќе се распадне и вели дека во 2017-та година ќе се дознае во која мера, претстојните избори во одредени земји само ќе ја забрзаат дезинтеграцијата.

Според Стратфор, без разлика на тоа кој ќе победи на претстојните големи избори во Германија, Франција и Италија, дали ќе победат „умерените или екстремните сили“, американската агенција смета дека Европа ќе продолжи да се распаѓа кон конечно формирање на регионални блокови.

Европските поделби во меѓувреме ќе бидат „златна шанса“ за Русите кои што во 2017-та година ќе имаат шанса да го скршат европското единство во однос на санкциите и ќе имаат поголем простор за консолидирање на влијанието во своите погранични области.

„Администрацијата на Трамп исто така ќе биде наклонета кон намалување на санкциите и одредена соработка во Сирија со оглед на тоа што ќе се обидуваат да го намалат конфликтот со Москва, но помирувањето ќе наиде на некои ограничувачки фактори“, пишува Стратфор, вбројувајќи ги во тие фактори понатамошното зајакнување на руските одбранбени сили и настојувањето на Вашингтон да ја заузда експанзијата на руското влијание.


Мировниот договор во Сирија, според Стратфор и идната година ќе биде недостижен, Русија ќе има многу блиски односи со Техеран, а американско-иранските односи истовремено ќе се влошат.

Иранскиот нуклеарен договор ќе биде ставен „на испит“ затоа што Иран влегува во изборна година, а и новата американска влада ќе има многу потврд пристап кон оваа земја. Сепак, се предвидува дека заедничките интереси ќе го задржат тој договор на сила.

„Конкуренцијата помеѓу Иран и Турција во меѓувреме ќе ескалира во северна Сирија и северен Ирак. Турција ќе се фокусира на воспоставување на своја сфера на влијание и сузбивање на курдскиот сепаратизам, додека пак Иран ќе настојува да ја одбрани својата сфера на влијание“.

Откако воените операции ќе ја уништат Исламската држава во 2017-та година, ќе следува борба за територија, ресурси и интензивирање на влијанието меѓу локалните и регионалните играчи, пишува Стратфор и прогнозира дека Исламската држава воено ќе ослабе, па ќе применува терористичка тактика и ќе поттикнува голем број на напади во странство.

„Исламската држава не е единствената џихадистичка организација поради која треба да постои загриженост. Иако Исламската држава е во фокусот, Ал Каида во тишина ги обновува своите редови на подрачја како што е северна Африка и арапскиот полуостров и таа терористичка група веројатно ќе биде многу поактивна во 2017-та година“, прогнозира американската агенција Стратфор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг