Еве зошто на Фејсбук нема да најдете фотографии од среќни парови

Точка

28/12/2016

18:34

7.936

Големина на фонт

а а а

Живееме во многу чудно време кога нечиј пост на социјалните мрежи има поголемо значење отколку она што се случува во реалниот свет. Денес сме склони да вреднуваме нечиј живот врз основа на фотографиите кои се појавуваат на нивниот профил на Фејсбук и врз основа на она што тие ќе го напишат за себе. Но, често знаеме да погрешиме во нашите процени.

На истиот тој начин ги вреднуваме врските на луѓето. Склони сме да мислиме дека доколку некој објавува слики на Фејсбук, тоа значи дека тие лудо се сакаат, а паровите кои можеби немаат ниедна заедничка фотографија на Фејсбук ги етикетираме како несреќни.

Некои од причините поради кои среќните парови не го објавуваат целиот свој живот на социјалните мрежи се следните:

Кога се во среќна врска, луѓето живеат во сегашноста

Доколку кај нив е се` во ред, тогаш тие едноставно не гледаат смисла во тоа да го објавуваат тоа за на другите да им докажат нешто. Тие живеат сега и тука и уживаат во секој момент кога се заедно, не оптоварувајќи се за она што се случува во виртуелниот свет.


Секој пар кој ги изнесува своите проблеми онлајн не добива ништо од тоа

На овој начин проблемот нема да се реши, туку и парот кој го прави тоа ќе биде предмет на потсмев и докажување незрелост на врската во која се.

Вистинска среќа е среќата која ја споделувате со партнерот во врската

Среќните парови не добиваат ништо од објавувањето слики од тоа колку се среќни во својата врска. Среќата не лежи во лајковите и коментарите на Фејсбук, туку во моментите кои ги поминувате со партнерот.


Никој нема потреба некому нешто да докажува

Луѓето кои се навистина среќни во својата врска немаат потреба тоа да им го докажуваат на други луѓе. Тие едноставно се среќни и не се оптеретени со тоа на Фејсбук да мора да им стои статус дека се во врска. Кога имате доверба во некого и здрава врска, тогаш ваквите работи едноставно не ве интересираат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг