Фолксваген најавува „бурна" година: Ова се Tiguan Allspace, Arteon и Up! GTI

Точка

28/12/2016

18:00

5.425

Големина на фонт

а а а

„Тоа што го гледате е најголема тајна“, велат во видеото кое што го објави германскиот производител од тестирањата на трите новитети за идната година. Станува збор за Tiguan Allspace, Arteon и Up! GTI.

Низ тестовте за издржливост во услови на високи температури и нерамни површини во Јужноафриканската република овие денови минуваат трите нови адути на Фолксваген кои што ќе бидат премиерно претставени во текот на идната 2017-та година.

Теренот во Јужноафриканската република е идеален за тестирање на новиот Tiguan кој што ќе има зголемено меѓуосовинско растојание, ќе биде поголем, ќе има опција за седишта и во багажниот прстор, а тоа се главните адути на Allspace.



Што се однесува до просторот, подеднакво дарежливи, тврдат од Фолксваген ќе бидат и динамичниот и практичен Arteon, кој што е наследник на моделот Passat CC, а овој автомобил за прв пат пред јавноста ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Женева.

Од германскиот гигант велат дека ќе изненадат и со најмалиот член од „семејството“. Станува збор за GTI верзија на моделот Up! кој ќе доаѓа со 1,0-литарски TSI мотор кој што ќе развива 115 коњски сили.


Спонозорирани линкови

Маркетинг