Ова е "видовитиот" авто-пилот на "Тесла"

Точка

28/12/2016

15:14

6.544

Големина на фонт

а а а

На снимката, авто-пилотот кочи за да избегне судир на автопатот, иако самиот возач сè уште не го гледа

Новиот софтвер - верзија 8.0 - на "Тесла" автомобилите, дошол со значително ажуриран систем на авто-пилот, а извршниот директор Илон Муск ја фалел неговата способност за спасување на животи.

Колку е моќен новиот безбедносен систем, може да се види на снимката настаната на еден автопат во Холандија.

На снимката може да се слушне како системот на "Тесла" прво предупредува за можен судир поради кочењето на возилата кои се наоѓаат пред првото видливо возило. Авто-пилотот потоа кочи, додека возилото пред "Тесла" удира во автомобил кој кочи одненадеж.



Според наводите на Ханс Ноордсиј, корисник на Твитер кој ја објавил снимката, никој не е повреден, пренесува Al Jazeera.

Тој исто така потврдил дека авто-пилотот бил тој кој го извршил иницијалното кочење, пред тој да успее да реагира.

Користејќи радарска детекција заедно со визуали сензори, Муск во септември тврдел дека новиот ажуриран софтвер му овозможува на "Тесла" да гледа низ возилата кои се наоѓаат пред него.


Спонзорирани линкови

Маркетинг