АР: Литванските елфови во битка против пропагандата на руските тролови

Макфакс

28/12/2016

14:17

1090

Големина на фонт

а а а

Елфови против тролови – звучи како битка од филмскиот серијал „Господар на прстените“, но за 43-годишниот Литванец Рикардас Савукинас, ова е битка која повеќе не е фантазија, пишува АР.

Савукинас, бизнис консултант и блогер, е дел од неформалната интернет армија на Литванија која што се обидува да ги сопре, како што ги нарекуваат „говорот на омраза и проруската пропаганда“ во земјата.

„Јас сум само еден нормален човек од Литванија и граѓанин кој забележа дека руската пропаганда се шири во земјата преку голем број на групи на Фејсбук. Гледајќи го ова, сфатив дека не станува збор за нормално нешто“, вели Савукинас во интервју за АР.

Литванските волонтери, кои заедно со Савукинас себеси се нарекуваат „елфови“, патролираат по социјалните мрежи, координирајќи ги своие акции преку Фејсбук и Скајп и ги откриваат и пријавуваат лажните профили кои се појавуваат на овие мрежи. Според Савукинас, во обичен ден тие пријавуваат од 10 до 20 лажни профили.

Наодите за руското „мешање“ на двете страни од Атлантикот се се почести во последниот период, како што беше случај со претседателските избори во САД минатиот месец, а претходно пак, исто така и Германија ја обвини Москва дека се обидува да ја дестабилизира земјата со пропаганда и сајбер напади во пресрет на парламентарните избори кои ќе се одржат во земјата следната година.

Литванија, како и останатите балтички земји, долго време во минатото беше под влијанието на Москва, а сега се повеќе стравува од истото, пред се поради случувањата во Украина и анексијата на Крим од страна на Русија во 2014-та година.

Војната на „елфовите против троловите“ на Фејсбук е само едно поле каде се одвива битката, а медиумите и веб сајтовите исто така се дел од оваа битка. „Во последниот период препознавме дека има доста голема и постојана кампања на дезинформација против нашето општество“, изјавил Томас Цепонис, аналитичар во литванската армија. Цепонис додал дека моќта на пропагандата ја нема силата на тенковите или авионите, но дека сепак таа е насочена „кон голем број на цели“.

Популарната литванска TV3 телевизија е еден од медуимите во земјата кој постојано е цел на хакерски напади, а минатиот месец пак, Литванија ја забрани и руската телевизија „РТР Планета“, откако руски политичар направил антиамерикански коментари, протолкувани како „најави за војна и омраза“. Слични тримесечни забрани кон медиуми во руска сопственост биле направени и во последните неколку години, додава АР.


Спонозорирани линкови

Маркетинг