Светот во 2017-та година: Русите „атакуваат" на Балтикот, Трамп на Кинезите...

Точка

28/12/2016

11:37

3.860

Големина на фонт

а а а

Турбулентната 2016-та година се наоѓа пред крајот, а судејќи според случувањата во меѓународните односи, дефинитиво не очекува интересна 2017-та година.

Аналитичарите на надворешната политика прогнозираат дека Русија ќе повлече повеќе потези против Балтичките земји, дека Башар Ал Асад ќе остане на власт во Сирија, дека САД ќе ги „притиснат“ Кинезите, а Трамп нема да го поништи иранскиот договор.

Порталот Business Insider направи листа од 10-те геополитички случувања кои што би можеле да бидат во центарот на вниманието на светската јавност идната година.

Русија повлекува потези против Балтичките земји – Се очекува идната година Москва повеќе да го насочи вниманието кон Балтикот. Русија уште во август оваа година ги размести своите ракети во близина на Литванија и Полска, а НАТО Алијансата на тоа одговори со разместување на своите сили долж своите источни граници.


Напад на Рака – Моќта на Исламската држава опаѓа, а тоа ќе продолжи и идната година. Американските воени лидери нагласуваат дека ќе треба да помине долго време додека Мосул не биде целосно обезбеден. Ако ирачкиот град биде целосно ослободен, тогаш се очекува копнен напад на Рака – најголемото упориште на Исламската држава во Сирија.

Исламската држава ќе „завладее“ на социјалните мрежи – До крајот на 2017-та година џихадистите ќе го зголемат своето присуство на интернет и посебно на социјалните мрежи и со тоа ќе го одржуваат „Калифатот“ во „онлајн живот“.

Нови напади на бомбаши-самоубијци – Исламската држава нема да мирува ниту минатата година, иако веќе има претрпено сериозни удари. Џихадистите ќе ги зголемат своите пропагандни напори за да регрутираат нови борци и се очекува и идната година да бидат изведени големи терористички напади.


Трговска војна помеѓу САД и Кина – Неодамнешното кинеско запленување на американски подводен дрон во водите на Јужното кинеско море значи дека Американците ќе одговорат на тоа. Со етикетирањето на Кина како манипулатор на валутата, ќе започне трговска војна со Пекинг, ќе бидат поддржувани властите на Тајван, или пак ќе бидат засилени „морските патроли“ во Јужното кинеско море. Ова се само некои од „алатките“ со кои што Трамп ќе ги нападне Кинезите.

Трамп нема да го поништи договорот со Иран – Наместо да го поништи иранскиот договор, новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе создаде „отровно“ опкружување кога станува збор за вложувањата во Иран и ќе користи „мека моќ“ да ги одврати американските компании и сојузниците од „богатењето“ на Иран.

Трамп и Куба – Трамп го осуди постигнатиот договор на Обама со кубанските власти и се закани дека ќе го поништи доколку Куба не се согласи на „подобар“ договор. После смртта на Фидел Кастро, Доналд Трамп изјави дека се надева дека „после долгогодишните ужаси, прекрасниот кубански народ конечно ќе живее слободно како што заслужува“.


Ограда на американско-мексиканската граница – Засега не е познато дали навистина ќе биде изградена ограда на американско-мексиканската граница, но како што пренесува Business Insider, едно е јасно, а тоа е дека таквата граница нема да го сопре протокот на мигранти и дрога од Мексико.

Исчезнува FARC бунтовничката група од Колумбија – Во Колумбија после половина век успешно беше постигнат мировен договор, а членовите на FARC веќе започнаа да ја претвораат организацијата во политичка партија. Додека FARC си заминува, други криминални групи доаѓаат на нивното место, а најголема е Национал-ослободителната војска која што ги зголемила нападите во обид да ги заземе териториите кои што ги напушта моќниот FARC.

Асад останува на власт – После ослободувањето а Алепо, сирискиот претседател Башар Ал Асад и неговите руски и ирански сојузници ја зацементираа својата позиција во контролата на најголемиот дел од источна Сирија и најголемите градови во оваа земја.


Спонозорирани линкови

Маркетинг