Примени се сигнали од далечно соѕвездие: Некои научници веруваат дека станува збор за вонземјани!

Точка

28/12/2016

10:30

8.034

Големина на фонт

а а а

Од соѕвездието „Кочијаш“ кое што е оддалечено на околу три милијарди светлосни години, пристигнале шест нови мистериозни сигнали.

Иако постојат мислења дека кратките радио сигнали би можеле да бидат природна астрофизичка појава, одредени научници сметаат дека не треба да се исклучи можоста дека нивни творци се техолошки напредни вонземјани.

Низата од шест нови сигнали, од кои секој трае по неколку милисекунди, биле откриени од астрономите од Универзитетот Мекил во Монтреал со помош на телескопот „Грин Банк“ во Западна Вирџинија и опсерваторијата Арецибо сместена на Порторико.


Неодамна во врска со шесте примени „мистериозни“ сигнали беше објавена студија во реномираниот магазин The Astrophysical Journal.

Во студијата на Пол Шолза се вели: „Откривме шест нови радио-сигнали од овие извори – пет со помош на телескопот „Грин Банк“ на 2 гигахерци и еден на 1,4 гигахерци од опсерваторијата на Порторико, што е вкупно 17 сигнали од истиот извор“.



Спонозорирани линкови

Маркетинг