Милион гости на забава: Сите луѓе од Фејсбук доаѓаат на роденденот на оваа тинејџерка!

Точка

27/12/2016

16:03

12.386

Големина на фонт

а а а

На роденденската прослава на 15-тиот роденден кај тинејџерката од Мексико би можеле да дојдат дури милиони гости, откако нејзините родители снимиле и објавиле видео-покана, која станала хит на интернет.

Како што пренесува AFP, прославата на 15. роденден е инаку голема работа во Латинска Америка, но прославата на Руби би можела да стане феномен.



"Здраво, како сте? Би сакале да ве поканиме на прославата на 15. роденден на нашата ќерка Руби Ибара Гарсија во Ла Хоја", рекол нејзиниот татко на видео снимката, носејќи каубојски шешир.


Додека ги набројува бендовите кои ќе свират на прославата и најавува коњска трка со главна награда од околу 500 долари, неговата сопруга и Руби стојат во позадина. "Сите се поканети", вели таткото. Видеото станало екстремно популарно на интернет, па дури 1,3 милиони корисници на Фејсбук навеле дека ќе присуствуваат на таа прослава.


"Ова сега излезе од контрола", рекол таткото на Руби и објаснил дека тоа не значи дека тие не сакале да ги поканат сите, но не е тоа што го очекувале, бидејќи мислеле дека на прославата ќе има околу 800 луѓе.


Руби од објавувањето на поканата станала некој вид на "национална сензација", а некои авио-компании го искористиле целиот случај за сопствена промоција, нудејќи поволни цени за летови. Направена била и видео игра во која тинејџерка оди по црвен тепих и фрла покани.


Локалните власти одлучиле местото на прославата да го преместат на поголема површина, но и да пратат обезбедување на таа што мексиканските медиуми го нарекуваат "забава на годината". Меѓутоа, оваа приказна не им е забавна на сите во Мексико, па така има и луѓе кои сметаат дека "прославата прераснала во скандал".







Спонзорирани линкови

Маркетинг