Ќе ви се заврти во главата: Колку пари потрошил таткото на Кевин во филмот „Сам дома“?

Точка

26/12/2016

17:10

24969

Големина на фонт

а а а

Веројатно не постои некој кој не се запрашал колку го чинеле лудориите на Кевин неговиот татко во двата филмови.

Сигурно сте го гледале филмот „Home Alone” и веројатно во некој момент сте се запрашале: Колку пари потрошил таткото на Кевин, господин Мекалистер? Никогаш не дознавме што работел, а „Esquire“ направил пресметка колку го чинеле сите работи во филмот.

Home Alone, 1990 година

15 авионски карти од Чикаго до Париз, 11 во економска и 4 во прва класа

Летале со American Airlines, а сите карти ги купил таткото на Кевин и чинеле од прилика 35.320 долари. Но, тоа се денешните цени, кои се поевтини отколку пред речиси 30 години.


10 кутии пица

Доставувачот им наплатил 122.50 долари, а денес би чинеле 228 долари.

Трошоци за поправка на искршениот мебел

Се` што Кевин уништил во куќата во првиот дел од серијалот, исто така чини пари. Според проценката на „Esquire“, замената на скалите кои од подрумот водат во куќата, а кои Кевин ги прекри со катран и полиците во собата на Баз би чинеле најмалку 1.500 долари.

Ниту продолжението на филмот не било евтино.

Home Alone 2, 1992 година

14 карти од Чикаго за Мајами, четири за прва и 10 за економска класа

И во вториот дел летале со American Airlines, а сите карти би ги чинеле речиси десет илјади долари.


Ноќ во најдобрата соба во хотелот „Плаза“

Ако го земеме предвид тоа што Кевин побарал најдобра соба и ја добил, тоа е кралски апартман кој чини 30.000 долари за една вечер. Но, бидејќи таа соба претежно е резервирана за ВИП гости, поверојатно е дека ја добил во еднособен пентхаус, кој за една вечер чини 2.915 долари.

Од друга страна, целото семејство на Кевин во Мајами во оној никаков хотел за спиење за една вечер потрошило 693 долари.

13 авионски карти од Мајами за Њујорк

Со оглед на тоа што тоа веројатно биле карти во една насока, би чинеле 1.872 долари.

Бојата која Кевин ја искористил во Њујорк

Чичкото Роб за среќа ја реновирал куќата во Њујорк, па штетата која ја направил Кевин не се смета, но некој морал да ја плати бојата која ја потрошил. Една кофа чини 45 долари, така што вкупниот трошок за бојата бил околу 1000 долари.


Послугата во собата во хотелот „Плаза“

Како што дознавме на крајот од филмот, Кевин на послугата во собата потрошил 967.43 долари, а денес тој износ би бил околу 1.659 долари.

Кога ќе собереме се`, таткото на Кевин само во вториот дел од филмот потрошил 21.257 долари на лудориите на Кевин, така што не е чудно тоа што на интернет кружи теорија дека Питер Мекалистер бил мафијаш и затоа имал толку пари...


Спонозорирани линкови

Маркетинг