Гигс: Поради Конте имав жестока расправија со Фергусон

Дерби

24/12/2016

20:00

6050

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте направи вистинска револуција во Премиер лигата со својата 3-5-2 тактика која му носи огромен успех во Челси, а неговиот неверојатен старт на авантурата во англискиот фудбал наидува на пофалби од сите страни на Островот, па дури и од легендарните фудбалери на лутите ривали.

Рајан Гигс во својата последна колумна за „Дејли Телеграф“ на големо го потенцира мотивирачкиот дух кој го наметна Конте во Челси, но исто така откри и една крајно интересна анегдота од пред 20 години, кога актуелниот менаџер на „сините“ го довел до лудило и до расправа со Сер Алекс Фергусон.

Гигс го опиша инцидентот од 1996 година по поразот на Јунајтед на гостувањето кај Јувентус (1:0), образложувајќи дека тогашниот капитен на Јуве (Конте) го натерал да ги загуби нервите.

– Мора да кажам дека секој мој обид за дриблинг во средината на тој натпревар беше неуспешен. Бев толку бесен на Конте, по што имав и жестока расправија со Фергусон. Фрлив едно шише во друг правец, но тоа се одби и заврши пред нозете на Фергусон. После тоа, знаев што ќе следува, – недокажано пишува Гигс и додава.

– Можам да кажам дека Конте беше лидер уште тогаш, а сега гледам многу сличности меѓу тој феноменален тим на Јувентус и неговиот актуелен во Челси. Најпрво, тој Јувентус беше изграден од феноменална одбрана, а од тоа што може да се види досега, така изгледа ситуацијата и во Челси, – пишува Гигс.


Спонозорирани линкови

Маркетинг