Чудо во Амазонија: Невремето ги натерало да скршнат од редовната рута, а потоа откриле нешто неверојатно

Точка

24/12/2016

10:44

30195

Големина на фонт

а а а

Еден фотограф случајно снимил амазонско племе кое се` уште не воспоставило контакт со цивилизацијата откако неговиот хеликоптер морал да скршне од редовната линија за да ја избегне бурата.

Непланирано прелетал над непознатото племе и нивните долги колиби, пишува „The Guardian”.

„Го зедов мојот фотоапарат и почнав да сликам“, рекол бразилскиот фотограф Рикардо Стакерт, „немав многу време да замислувам што се случува“.

Глетката мора да биде сочувана

Тоа бил среќен момент за Стакерт. Ја забележал градбата додека бил во Акре, сојузната држава во близина на границата со Перу, и тоа баш додека одел да го фотографира племето на домородци со кои бил воспоставен контакт.



За време на повратниот лет на 18 декември, успеал да направи уште магични фотографии кои нудат увид во животите на изолираното племе. Бразил има околу 80 такви групи, но нивното постоење е под се` поголема закана од илегални дрвосечачи, рудари и криумчари на дрога.

Стакерт бил особено импресиониран од бојата на телото на еден од мажите, за која смета дека е камуфлажа. „Кога е ладно на себе облекуваме облека. Тие ја ставаат таа боја за да се заштитат“, рекол тој.

„Си помислив во себе ’Мораш да го фотографираш ова, мора да биде зачувано’“, раскажал фотографот.


Подобро е за нив да останат изолирани

Во државата Акре живеат три изолирани групи, вели Хосе Карлос Меирељес, експерт за бразилски домородци со 40 години искуство, а кој бил во истиот хеликоптер.

„Понекогаш и малку детали можат многу работи да откријат, а бидејќи фотографиите имаат одлична резолуција, можеме добро да ги видиме деталите“, рекол тој.

Пред две години четврто изолирано племе од Акре, Тапанава, стапило во контакт. Некои од нив му рекле на Меирељес дека мислеле оти хеликоптерите се нешто магично, или огромни птици, и дека немале поим дека во нив се наоѓаат луѓе.

Меирељес прв пат ги забележал знаците на ова изолирано племе уште во 1988 година, а учествувал и во летот на BBC во 2010 година кога биле снимени од голема височина.

„Користат секири, мачети, чинии, знаат за нашиот свет, но малку им е познат“, објаснил Меирељес.

A photo posted by BBC Brasil (@bbcbrasil) on


Се верува дека во племето има околу 300 луѓе и дека одгледуваат банани, сладок компир и кикирики, како и дека се занимаваат со лов и риболов.

Тој е среќен што тие изгледаат здраво и додава дека никој не го знае името на тоа племе. „Ги нарекуваме Индијанци од горниот тек на реката Хумаита“, рекол Меирељес.

„Никогаш не стапиле во контакт со никого, немаме поим на кој јазик зборуваат ниту кои се тие. Среќа нивна што не знаеме. Оној ден кога ќе дознаеме, за нив започнуваат проблемите“, заклучил тој.


Спонозорирани линкови

Маркетинг