Епска TRAP DA F*CK UP забава на 24 декември во МКЦ

Точка

20/12/2016

16:54

5.274

Големина на фонт

а а а

Trap Da F*ck Up (TDFU), Ве покануваат на голема предновогодишна, епска, zзабава, која ќе се одржи на 24.12.16 со почеток во 23:00 часот во МКЦ.

Забавата вклучува 8 различни артисти кои изминатиов период активно творат и промовираат трап музика во државава и вон неа, како и целосна организација, осветлување и препознатлив звук, со цел доживувањето на оваа журка да е на сосема поинакво ниво.


На самата журка ќе можете да се запознаете со: BAD PROPAGANDA a.к.a Драш: промотер, диџеј и радио водител кој повеќе од 15 години го промовира најсвежото од светот на бас музиката. RAD најмладиот продуцент кој со своите 16 години има достигнато врвен квалитет и обезбедено место меѓу најдобрите на локалната сцена.


DRUGGY човекот кој е добро познат на нашата публика, долгогодишен продуцент, дел од Anomalia Nativa и еден од главните виновници за TDFU. EUROTRVSH млада трап екипа која непрестајно твори и изненадува со своите уникатни сетови и траки. IRIE SCRATCH е човекот кој го полни денсфлорот! Ко-основачот на TDFU секогаш прави вистинско шоу со најсвежите трап хитови. GLOOMIE е преталентиран артист, продуцент и прав виртуоз на сцената, дефинитивно човек кои сите сакаме да го гледаме и слушаме додека настапува. AND познат и како Andrejnalin од Anomalia Nativa, продуцент и диџеј на бас музика, како и еден од заслужните за растење на TDFU движењето. CYRILLIC е дуо кое се занимава со eлектронска музика, брои многу настапи и стои зад одлични ремикс изданија.


Нашата цел е активна промоција на овој музички жанр кај домашната публика, затоа воедно и Ви го испраќаме и следното видео:







Спонзорирани линкови

Маркетинг