Hardwell - Најдобриот светски диџеј во 2013 и 2014, за Илниден во Македонија!

Точка

20/12/2016

12:22

5.006

Големина на фонт

а а а

Огромно задоволство ни е да Ви најавиме дека глобалната суперстар диџеј ѕвезда Hardwell за прв пат ќе настапи во Македонија, во рамките на фестивалот Ohrid Calling 2017, на 2-ри август на стадионот „Билјанини извори“.

Високотиражниот хитмејкер со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи. Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија.


Неговите продуцентски вештини ги обезбедија и најголемите глобални ѕвезди како што се: Rihanna, Coldplay, Ellie Goulding, 30 seconds To Mars. Покрај популарните ремикси, најголемиот успех на Hardwell му го донесоа неговите хит синглови: „Spaceman“, „Countdown“, „Jumper“, „Apollo“ и многу други. Минатата година излезе и неговиот деби албум со наслов „United We Are“, од кои произлегоа хитовите: „Arcadia“, „Young Again“ и „Sally“.


Во последниве неколку години, Hardwell е официјално најбараниот светски диџеј и продуцент.

Сите информации околу продажбата на билети ќе бидат објавени во средината на јануари.


Спонозорирани линкови

Маркетинг