CNN: Америка мора да ѝ одговори на Русија, но не воено, бидејќи Путин може да не избрише од лицето на Земјата

Точка

20/12/2016

19:17

11.381

Големина на фонт

а а а

Начинот на кој американските медиуми и политичари ја карактеризираат руската закана често е хистеричен и пренапумпан. Сепак, сега конечно имаат и "алиби". Разузнавачките служби на САД веруваат дека Русија ги хакирала американските политички организации и на тој начин директно влијаела во резултатот на изборите. Претседателот во заминување Барак Обама, ветил "одмазда во вистинско време и на вистинско место".

Вака својата анализа во американски CNN ја започнува Иван Еланд, директор на Центарот за мир и слобода на Институтот "Independent". Еланд наведува дека ваквиот епилог бил очекуван.


Јасна последица од триумфалната пост-студеновоена експанзија на САД и НАТО, веднаш до руската граница, била растот на националистичкиот лидер Владимир Путин, како и неговата агресивна политика во Грузија, Украина и Сирија. За разлика од САД кои огромни океани ги чуваат од остатокот од светот, Русија има безброј причини да се чувствува небезбедно поради состојбата на границите.

Еланд наведува дека низ историјата Русите многу пати биле на мета на инвазија. Агресијата на нацистите довела до 25 милиони мртви, поради што Русија и тоа како има легитимни причини да задржи пријателска тампон зона во околните држави како Грузија и Украина. Москва исто така е одлучна во намерата да му помогне на еден од верните сојузници - Сирија.


Поради тоа, возвраќањето на удари од страна на Путин не е само покажување на мускули. Иако Западот жестоко го критикува поради анексијата на Крим, некогашниот дел на Русија на кој живее руска популација, тој потег на Москва бил очекуван пред се поради стратешката важност на морнаричката база во Црното море, наведува CNN.

Во меѓувреме, руската економија ослабела со падот на цената на нафтата и санкциите од Западот. Како последица на тоа и воените интервенции, буџетот за одбрана на земјата пораснал, но веќе во наредните години проектирано е неговото намалување. Русија годишно на одбрана троши околу 66 милијарди евра, што е само 11 проценти од тоа што го издвојува САД.

Овиое денови на сцена стапила и ЦИА со своите обвиненија дека Русија не само што ги хакирала политичките организации во САД, туку и се обидела да ги намести изборите со цел победа на Доналд Трамп. Доколку е тоа вистина, иако не постојат докази такво нешто, Русија отишла предалеку, наведува Еланд.


Навистина, американскиот гнев за обидот на странски сили да ги искреираат резултатите од изборите во демократската држава веројатно може да се окарактеризира како лицемерие. Бидејќи, САД се тие кои со децении редовно се мешаат во внатрешната политика на други земји. Истиот тој Владимир Путин сведочел на американското "ширење на демократија" во руската сфера на интереси - пред се во анти-руските револуции во Грузија и Украина.

Мотив за потенцијалното мешање на Путин во американските избори би можел да биде и одмазда за антируските протести во 2011. година, кои ги охрабрувала Хилари Клинтон.

Доколку САД сакаат да ги одвратат другите земји да се мешаат во нивните избори, можеби и Вашингтон би требало да го направи истото, истакнува Еланд.


Доколку Русија навистина се мешала во американските избори, одговор од САД сигурно ќе уследи. Реакцијата мора да биде умерена, одмерена и мора да се води во сајбер арената. Исто така, мора да започне во овој краток период додека е Обама сè уште на власт. Воена акција не доаѓа во предвид, бидејќи Русија е единствената земја на светот која има доволно нуклеарна моќ да ги избрише САД од лицето на Земјата, пишува Еланд.

Сепак, тој одговор не треба да ја исклучи можноста администрацијата на САД да воспостави пријателски односи со Русија. Не би смеело да постои никакво ограничување двете држави да бидат пријатели, пред сè бидејќи Русија би можела да им биде потребна на Американците во борбата против тероризмот и сè помоќната Кина, заклучува CNN.


Спонзорирани линкови

Маркетинг