Одмаздата на Кинезите: Дали Пекинг може да им го возврати ударот на Американците?

Точка

19/12/2016

10:33

5.382

Големина на фонт

а а а

Ниту едно од можните три сценарија не е невозможно да се оствари, а во сите три случаи главен адут на Кинезите е Северна Кореја.

Фактот дека Доналд Трамп зел за слобода да поразговара со тајванската претседателка Чаи Инг-Вен е значајна не само за самиот тек на разговорите, туку и за тоа што следуваше потоа.


За среќа на двете претседателски администрации во Соединетите Американски Држави, онаа на Обама која што е во заминување и администрацијата на Доналд Трамп која што наскоро ќе се всели во Белата куќа, Кинезите од двата учесници во разговорите, се фокусираа само на Тајванците.

Кинескиот претседател веројатно сфатил дека влошувањето на односите на Кина со САД поради десетминутен телефонски разговор не е во интерес на неговата држава. Поради тоа, според некои аналитичари, благиот одговор на Кина можеби е знак дека САД треба да одат чекор нанапред во односите со Тајван.

Но, ако Американците се одлучат на таков потег, тогаш Кинезите планираат да ја искористат Северна Кореја. Тој проблем без Кина едноставно не може да биде решен. Ова се трите сценарија за кинески одговор на провокациите од Соединетите Американски Држави.


Без резолуција во Советот за безбедност

Поради изолираноста на економијата на Северна Кореја, меѓународните санкции речиси и да немаат никаков ефект кон Пјонгјанг. Затоа, Советот за безбедност е местото од каде што се испраќаат заканите до Северна Кореја. Оваа година, Советот за безбедност два пати гласаше за санкциите кои што го погодија најпрофитабилниот дел од економијата на Северна Кореја.

Сепак, ефикасноста на санкциите кои што ги носи Советот за безбедност, па какви и да се, зависи од единството на постојаните членки на Советот за безбедност. Доколку Американците одобрат посета на тајвански високи функционери, Кинезите тогаш ќе го употребат ветото за идните санкции кон Северна Кореја.

Игнорирање на санкциите

Ако санкциите од март беа „снајперски погодок“, тогаш резолуцијата 2321 на Советот за безбедност при Обединетите нации е топовски удар за економијата на Северна Кореја. Членките на Обединетите нации не смеат да извезуваат или увезуваат стока од оваа земја и мора да ги ограничат дипломатските претставништва.

Извозот на јаглен од Северна Кореја (најпрофитабилен бизнис на режимот) е ограничен на 400 милиони долари. Извозот на другите метали е забранет. Се проценува дека севернокорејскиот режим поради ова губи дополнителни 700 милиони долари.


Овие мерки сепак имаат смисол ако сите ги почитуваат. Без Кина, санкциите нема да имаат ефект. Ако Кина одбие да ги почитува, тогаш се ќе се врати во нормала кај Северна Кореја.

Целосна промена на односите на Кина кон Северна Кореја

Ако Трамп се одлучи да има близок и пријателски однос со Тајван, Кина може целосно да го промени ставот за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Токму ова сценарио на Кинезите им дава предност во односите со Соединетите Американски Држави. Целосното прифаќање на нуклеарната програма на Северна Кореја ќе претставува пресврт од 180 степени во меѓународната политика и токму ова би требало да ги загрижи властите од Вашингтон, иако е факт дека и на Кинезите им одговара Корејскиот полуостров да остане без тоа опасно оружје.

Иако разговорот на Трамп со тајванската претседателка беше окарактеризиран како „пријателски муабет“, новиот американски претседател мора да одреди какви ќе бидат односите на САД со Тајван. Дали поддршката на Тајван е поважна од целата безбедност на Пацификот и прифаќањето на фактот дека Северна Кореја ќе стане нуклеарна сила?


Спонозорирани линкови

Маркетинг