Кој всушност се бореше во Алепо? Сириската војска е неспособна за да се бори!

Точка

17/12/2016

11:45

13.794

Големина на фонт

а а а

Вториот круг од евакуацијата на источниот дел на Алепо е целосно завршена, соопштија турските власти, додека од сириската влада велат дека наскоро ќе има трет конвој кој ќе евакуира дополнителни 100 илјади цивили.

Прашањето на кое што воените аналитичари и стратези се обидуваат да најдат одговор е како Башар Ал Асад, односно неговата армија за неколку седмици успеаа да го заземат речиси целиот дел од Алепо кој што беше под контрола на бунтовниците, додека на другата страна на фронтот, повторно ја загубија контролата над Палмира.


Со оваа проблематика се занимава Михаил Кодаренок, човек со големо искуство и бројни познавања во руската војска откако осум години поминал работејќи во Генералштабот на руската армија. Неговото гледање на целата ситуација, можеби и ќе ве изненади.

Минатата седмица историскиот град Палмира повторно падна во рацете на џихадистите на Исламската држава. Според информациите од терен, од 4 до 5 илјади борци на ИСИС пристигнале од Рака и извеле офанзива на Палмира од каде што немоќната сириска војска веднаш се повлекла.


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека заземањето на Палмира било проектирано од страна на западните земјии американската коалиција за да ја одвратат сириската армија од офанзивата на Алепо.

Што всушност се случило?

Михаил Кодаренок даде добар одговор во врска што се случило всушност таму. Тој вели дека одговорот лежи во тоа што сириската војска и командантите се апсолутно неспособни да водат било каква битка.

Во анализата објавена оваа седмица, Кодаренок вели дека Сиријците знаеле дека борците на Исламската држава се приближуваат до Палмира, но додава: „Тоа што се случи таму никој не можеше да го предвиди. Припадниците на сириската војска, откако ги здогледаа борците на ИСИС и ги слушнаа првите испукани куршуми, започнаа панично да бегаат и зад себе ја оставија сета своја опрема и воени возила“.

Повикувајќи се на извори од руската војска, овој пензиониран полковник продолжува: „Во еден момент се нашле над 200 припадници на руската војска и уште 120 припадници на Спецназ специјалните сили кои биле препуштени самите да го бранат градот. За да можеле да излезат од градот, било потребно да биде направен посебен коридор“, вели полковникот.


„Од Палмира Сиријците бегале во паника, војниците ги водел заменик началникот на Генералштабот на сириската војска со својот помлад командант кој што трчал покрај него. Невозможно е да се објасни таквото однесување на друг начин, освен со тоа дека тие биле кукавици“, вели рускиот полковник.

Тој нагласува дека тоа што е посебно важно за целата „приказна“ е дека способноста, односно неспособноста на сириската војска добро им е позната и на генералите од руската војска и според поранешниот полковник, тоа било општо позната работа.

„Би било полесно да се распушти целата војска и потоа одново да се состави нова“, раскажува Кодаренок.

Војниците се исцрпени

Во неговиот последен извештај, тој вели дека сириските војници се исцрпени и лошо опремени, нема доволен број, слабо се мотивирани и апсолутно се преморени од пет и пол годишната граѓанска војна.

„Сириските војници не го гледаат крајот на оваа криза. Не го знаат датумот до кота ќе мораат да работат и да ѝ служат на својата земја. Нивните достигнувања не се наградуваат, тие пропаѓаат, а на сето тоа не влијае добро и фактот дека низ историјата сириската војска не била успешна во војувањата“, вели тој.


Интересно е тоа што најголемиот дел од сириските воени единици не се сместени на линијата на фронтот, туку се разместени на над 2000 контролни точки ширум земјата. Кодаренок вели дека сириските војници кои што се распоредени далеку од боиштето, чекаат на контролните точки и во меѓувреме се занимаваат со административни работи и со изнудување на пари од локалното население.

Кој се бореше во Алепо?

Ако на поголемиот дел од сириската војска не може да им се верува дека се ефикасни во борбите, како што тоа го докажаа во Палмира и останатите градови кои што ги предадоа без борба, тогаш кој се бореше и кој победи во Алепо?

Господин Кодаренок, како и многу други аналитичари, победата на силите на Асад сметаат дека се случила благодарение на доаѓањето на вооружените сили од Иран, потоа припадниците на шиитските борбени единици, членовите на иранската Револуционерна гарда, милитантите од Хезболах и воените платеници.


Спонзорирани линкови

Маркетинг