Најскапата недвижнина во Лос Анџелес: Вака изгледа новиот дом на Викторија и Дејвид Бекам

Точка

14/12/2016

13:55

5.621

Големина на фонт

а а а

Славниот пар Викторија и Дејвид Бекам, наводно решил да купи вила во Лос Анџелес со 14 спални соби и 27 бањи. Раскошниот имот моментално е во сопственост на Петра Еклстоун и чини 200 милиони долари.

Британските медиуми пишуваат дека Бекамови се во потрага по нов дом во Калифорнија, бидејќи вилата која моментално ја поседуваат во Лос Анџелес е "премала". Станува збор за куќа која се простира на 1.200 квадратни метри, и која ја купиле во јуни 2007. година за околу 18 милиони долари. Минатата година овој имот официјално бил ставен на продажба, за речиси двојно поголема цена.


Доколку може да им се верува на гласините, нивниот нов дом во Лос Анџелес ќе биде куќата која моментално е во сопственост на ќерката на Берни Еклстоун и нејзиниот сопруг Џејс Стант.




Претходно таму живеела Кенди Спелинг, вдовица на славниот холивудски продуцент Арон Спелинг. Тој ја изградил во 80-тите години, а Петра Еклстоун ја купила во 2011. за 85 милиони долари.


Куќата има 110 простории, вклучувајќи 14 спални соби и 27 бањи, како и приватна куглана, берберница, кино, вински подрум, теретана, солариум, но и "соба за пакување на подароци". Петра доградила и салон за масажа и фризерски салон. Вкупно зазема површина од повеќе од 5.000 квадратни метри.


Во близина се наоѓа и раскошна вила во која претходно живееле Сон и Шер, како и познатата Плејбој вила.


Спонозорирани линкови

Маркетинг