The Fate of the Furious: Подгответе се за најновото продолжение на „Брзи и бесни"

Точка

12/12/2016

19:00

6714

Големина на фонт

а а а

После 16 години од појавувањето на првиот филм, идната година во кината пристигнува осмото продолжение на „Брзи и бесни“ со назив The Fate of the Furious.

Ретко кој мислеше дека оригиналниот филм The Fast and the Furious ќе се претвори во голем филмски серијал и ќе добие толку многу фанови и после повеќе од 15 години ќе го доживее своето осмо продолжение кое се планира премиерно да започне да се прикажува во април идната година.

Токму така, иако многумина претпоставуваа дека со „седмицата“ се става крај на „Брзи и бесни“, сепак наскоро пристигнува осмото продолжение насловено како The Fate of the Furious.

Наскоро фановите го очекуваат и првиот трејлер, а до тогаш се појави првиот „тизер“. Инаку покрај постоечката актерска екипа во која што се враќа Џејсон Статам, листата со актерски ѕвезди ќе ја збогатат и Хелен Мирен, Шарлиз Терон и Скот Иствуд.



Спонозорирани линкови

Маркетинг