Доцна е за закани: Еве зошто е невозможно Кина да биде сопрена во Јужното кинеско море

Точка

10/12/2016

17:41

12330

Големина на фонт

а а а

Народна Република Кина започна да се наметнува во Јужното кинеско море пред околу седум години. Денес, на вештачките острови се изградени воени бази, авионски писти и друга инфраструктура која што може да се користи во воени цели.

Да замислиме дека иднината лежи некаде помеѓу најлошото и најдоброто од сите можни светови. Иако тие крајности се речиси неверојатни, тие можат да ни дадат увид во можниот распон на случувањата.

Во случајот на Јужното кинеско море, свеста за овие крајности може да биде од пресудно значење за создавање на кохерентна политика за смирување на тензиите и пронаоѓање на заедички интереси во една од стратешки најважните поморски области во светот.

Народна Република Кина започна да се наметнува во Јужното кинеско море пред околу седум години. Денес, Кинезите на своите вештачки острови изградија бројни воени бази, авионски писти и друга инфраструктура која што може да се користи во воени цели, по што се наметнува главното прашање, што ќе се случи таму во следните седум години?


Денес, актерите во Јужното кинеско море вложуваат големи напори за да го насочат текот на случувањата кон позитивен исход, меѓутоа, двете главни струи кои што ги претставуваат САД и ASEAN (Association of Southeast Asian Nations), засега не успеваат во своите намери.

Земите членки на ASEAN (Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипините, Сингапур, Тајланд и Виетнам) се обидуваат да извршат притисок врз Кина за да биде усвоен „Кодексот на однесување“ кој, како што сметаат аналитичарите, може да спречи избивање на потенцијален воен конфликт во таа област.

Официјален Пекинг од друга страна, повеќе пати нагласи дека спорните прашања во Јужното кинеско море нема да се решаваат на мултилатерално ниво, поради што ASEAN нема апсолутно никаква улога дури ниту во дискусиите за спорното подрачје.

Покрај тоа, кинеската дипломатска офанзива и политичките промени во регионот на Југоисточна Азија, ги убедија властите на Камбоџа, Лаос и Филипините да застанат на страната на официјален Пекинг.


Американските стратегии за одвраќање на Кина од агресивните мерки во Јужното кинеско море се сведе на пловидба во близина на спорните вештачки острови, што е право загарантирано со договорот за Слободна навигација. Сепак, таквата стратегија не ги менува работите кон подобро, туку напротив, само ги зголемува тензиите и со тоа расте ризикот од можноста за ескалација на конфликтот.

Кина досега има изградено шест големи вештачки острови во Јужното кинеско море. На три од нив се сместени воздушни бази, а на три се изградени станици за електронско следење и радарски системи.

Големината на изградената воена инфраструктура на спорните вештачки острови е таква, што во случај на распоредување на воена авијација, ниту една земја членка на ASEAN не е во состојба ефикасно да одговори и да се одбрани.

Покрај тоа, Кина може лесно над Јужното кинеско море да прогласи зона на воздушна одбрана кога ќе процени дека дошло време за такво нешто. Благодарение на оваа стратешка предност, денес властите од Пекинг апсолутно доминираат во преговорите со земјите членки на ASEAN.


Имајќи го тоа во предвид, како и висината на кинеските вложувања во објектите на вештачките острови во Јужното кинеско море, сега е практично невозможно Пекинг едноставно да се повлече, па колку и да бидат големи притисоците од Соединетите Американски Држави и земјите членки на ASEAN.

Кинеската стратегија во Јужното кинеско море која што се потпира врз принципот „се или ништо“, ќе создаде големи проблеми во иднина, сметаат аналитичарите.

Со оглед на сериозноста на намерите на властите од Пекинг и реториката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, иднината во регионот на Јужното кинеско море е неизвесна и можно е тензите да растат до степен на опасна ескалација.


Спонозорирани линкови

Маркетинг