Ауди го претстави автомобилот кој што „комуницира" со семафорите

Точка

09/12/2016

15:56

10.542

Големина на фонт

а а а

Со оглед на напредокот на технологијата во автомобилската индустрија, прашање на време е кога автомобилите ќе комуницираат меѓу себе и со останатата инфраструктура со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Последната иновација на ова поле пристигнува од Ауди.

Компанијата од Инглоштадт е првио производител кој што го претстави функционалниот систем за комуникација помеѓу автомобилите и инфраструктурните елементи, во овој случај семафорите.

Избраните модели А4, А4 All-Road и Q7 од гамата на Ауди се опремени со системи со кои што ќе можат да ја следат светлосната сигнализација, ќе собираат информации и ќе му ги претстават на возачот. Имено, оваа технологија ќе комуницира со семафорите и ќе знае на пример, уште колку ќе свети зеленото светло со што ќе придонесе за намалување на наглото сопирање или забрзување пред семафорите и ќе бидат избегнати сообраќајните несреќи.


Засега, со оглед на тоа што се е во експериментална фаза, овие системи ќе можат да се користат единствено во Лас Вегас со оглед на тоа што TLI (Traffic Light Information) ќе биде интегриран во сообраќајната сигнализација само во овој американски град, а секако, се очекува повеќе градови во светот да се вклучат во мрежата.

Од Ауди велат дека системот во иднина ќе биде уште покомплексен, па така, на пример, дополнителните информации од TLI ќе можат да се користат и во функционирањето на Start-Stop системот, навигацијата и останатите „асистенции“ кои што ќе им ги нудат технологиите на Ауди на возачите.

Комуникацијата помеѓу два автомобили (V2V) која што содржи систем за контрола на оддалеченоста помеѓу автомобилите и избегнување на сообраќајни незгоди, во иднина исто така ќе биде поврзана со V2I (Vehicle to Infrastructure), а сето тоа може да се каже дека води кон забрзана имплементација на автономните автомобили во сообраќајот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг