Најлошо можно сценарио: Чекор во погрешна насока и петте последици од тоа

Денар

24/11/2016

14:28

4960

Големина на фонт

а а а

Во анализата на можните последици за финансиските пазари од најавениот потег на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп да се повлече од ТПП, Дембик изјави дека главно ќе има пет директени последици.

Повлекувањето на САД од Транс-пацифичкото партнерство (TPP) е чекор во погрешна насока и најлошо можно сценарио за светската економија и кое ќе има главно пет директни последици:

1. Дополнително ќе се намали глобалната трговија, која нагло забави по светската финансиска криза и сигурно ќе стави „точка“ на процесот за глобализација започнат непосредно по Втората светска војна, а од кој главно имаат корист земјите во развој фаворизирајќи го настанувањето на огромна средна класа во многу земји, како што се Кина и Бразил.


2. Во наредните години ќе има пад на глобалниот БДП, кој се бори да го достигне нивото пред кризата. Враќањето на силниот економски раст ќе биде одложен на неодредено, што значи дека повеќето развиени економии ќе мораат да се навикнат на просечниот раст на годишниот БДП од околу 1% и 2%, како и на високото ниво на невработеност.

3. Се означува престанување на регионални договори за слободна трговија и потврдува дека договорот за кој преговараат САД и Европа е во состојба на „клиничка смрт“. Само претставниците на Европската комисија и натаму веруваат дека договорот може да се постигне во следните месеци. Потпишувањето на основни договори за слободна трговија меѓу регионите стана дел од минатото.

4. Тоа значи дека протекционизмот се врати, моментално во скриена форма што може да доведе до поголеми трговски бариери и конкретни девалвации за време на претседателството на Трамп. Сепак, овој модел на економска стратегија се покажа како голем неуспех во текот на 30-тите години од минатиот век и нема причина да веруваме дека работите во денешно време подобро ќе функционираат.


5. Се потврдува постепено повлекување на САД од Азиско-пацифичкото партнерство (APAC) кое е дел од нивните традиционални зони на влијание. Тоа ќе создаде златна можност на Кина да го зголеми својот удел во тој регион. Оваа земја, која не е дел од Транс-пацифичкото партнерство, ќе биде во можност дополнително да го превземе водството во Азија и Латинска америка и во целост да го искористи намаленото влијание на САД. Ова е потврда дека САД постепено се враќа во изолација, како што на пример беше случај во 20-тите години од минатиот век.

Кога станува збор за финансиските пазари, директното влијание тешко може да се одреди. Меѓутоа, понискиот глобален раст, падот на прилив на странски капитал во земјите во развој и можната појава на трговски ограничувања никогаш не се позитивен показател за берзите да размислуваат на долги патеки. За сега, тие се добро ориентирани затоа што монетарната политика на ФЕД и ЕЦБ продолжуваат да имаат пресудно влијание на цена на финансиските средства. Сепак, во некој момент, слабиот раст во текот на подолг временски период на крајот ќе има влијание на резултатите на компаниите на берза, а со тоа и на најзначајните светски индикатори.

Периодот кој е пред нас е многу неизвесен од економска гледна точка. Последните показатели потврдуваат дека економијата на САД е здрава, но и достигнува крај во деловниот циклус. Од последната фаза на економски пад поминаа 35 квартали. Со исклучок на новиот рекорд кој трае (40 квартали за време на златното доба на Клинтон), САД ќе се соочи со нова рецесија во наредните четири години. Повлекувањето од договорите во слободните трговии и промоција на трговските ограничувања, Доналд Трамп превзема ризик за забрзување на рецесијата и туркање на светот во нов период на масовна невработеност.


Спонозорирани линкови

Маркетинг