Едуардо Тунзи: Тајните на италијанската кујна ќе ги откријам во „Веро“

Точка

19/11/2016

11:48

3.038

Големина на фонт

а а а

Тунзи ќе биде еден од неколкуте професионални готвачи кои што ќе приготвуваат храна и ќе делат совети за готвење на настанот „Италија виа Веро“ што од 25.11 до 27.11 2016 ќе се одржува во Веро Центар и Веро Тафталиџе.

Италијанска паста и сосови подготвени според традиционални рецепти, пици, брускети и други специјалитети од „чизмата“, залиени со вкусно италијанско кафе, ќе бидат презентирани пред македонските граѓани на настанот „Италија виа Веро“ што четврта година по ред го организира компанијата „Веро“. Професионални готвачи од Италија три дена ќе приготвуваат различна храна која што посетителите на настанот ќе може да ја дегустираат, а ќе им презентираат и различни техники на готвење, рецепти и совети. Италијанските денови од Веро ќе се одржуваат од 25.11 до 27.11 2016 во Веро Центар и Веро Тафталиџе. Дел од овој настан ќе биде и Италијанецот Едуардо Тунзи, професионален готвач кој на посетителите во Веро ќе им ги открива тајните на популарната италијанска кујна.

- Доаѓам од Апулија, регион во кој луѓето се раѓаат со задоволството за пробување и готвење добра храна, така што е многу лесно да стекнат пасија кон готвењето со оглед на тоа дека станува збор за широко распространета навика – вели Тунзи за нашиот медиум.

Местото на раѓање влијае врз сите, без оглед на полето во кое избрале да работат. Но, изгледа дека готвењето е една од областите каде што оваа врска се чувствува најсилно. Како вашето место на раѓање Ви влијае и Ве инспирира во работата?

- Во Апулија многу лесно ќе најдете многу различни состојки и прехранбени производи кои што лесно се користат и се комбинираат за да создадете вкусни рецепти според старите готварски традиции.


Семејните и другите блиски и лични врски исто така го формираат начинот на кој ги согледуваме и искусуваме нештата, особено храната. Кои се Вашите први сеќавања за храната дома и како тие Ве мотивираат денес?

- Како што е веќе знаат сите ентузијасти во готвењето, првите чекори во готвењето се учат од родителите – од вашата мајка, татко или уште подобро, од вашата баба. Благодарение на нив јас ги научив сите основни и традиционални рецепти кои и денеска сѐ уште ги користам.

Освен кафето, кое што е документирано во многу популарни филмови, Италијаните честопати се прикажуваат како пасионирани љубители на храна и готвење. Што ја прави Вашата врска со вкусните оброци толку силна?

- Очигледно, кафето во Италија е основен елемент во секојдневната рутина. Но, како што кафето може да биде различно во секој град, исто така и храната се менува во зависност од италијанскиот регион којшто го посетувате. Накратко, може да се каже дека секој ден сакаме да јадеме нешто ново.

Имајќи ја предвид оваа пасија, Италија дефинитивно може да се пофали со мноштво различни рецепти во различни региони на земјата. Кој Ви е најомилен од сите?

- Јас лично ја сакам храната од југот на Италија. Тоа е прекрасен микс од интензивни бои, мириси и вкусови од кои од самото гледање чувствувате задоволство. Јас доаѓам од северот на Италија каде што исто така може добро да јадете, но понекогаш тамошните рецепти многу се повторуваат.


Модерниот начин на живот и натрупаните распореди спречуваат многумина да најдат време за да зготват пристоен оброк. Кој е Вашиот совет во вакви ситуации, што е најдобро луѓето да направат?

- Денес нашиот животен стил е сменет, постојано живееме во брзање и сето ова придонесува да ја загубиме традицијата на готвење, па дури и на учењето да се готви. Мој совет е да најдете време за готвење за да се ослободите од стресот од секојдневната рутина. Може да направите вкусни работи за кратко време кои што може да бидат поздрави за вас и да ве направат позадоволни.

Паста и пица се најпознатите и најпопуларните италијански јадења, барем гледано отстрана, но сигурно земјата има многу други кои масовно се конзумираат. Кои се најинтересните италијански јадења за кои остатокот од светот не е свесен?

- Визијата на италијанската „ pasta pizza mandolino“ e широко распространета, но имаме илјадници различни рецепти со кои се гордееме. Но, особено во Бари (градот од каде потекнувам) сме добро познати по нашата пасија за подготвување и служење сирова морска храна од секој вид, можеби подобро и од Јапонците.

Готвењето и храната станаа многу популарна тема за споделување преку медиумите, особено на социјалните мрежи како што е Инстаграм. Што мислите за ова, дали Вие ги користите овие медиуми?

- Јас лично не користам Инстаграм, но верувам дека секој социјален медиум може да биде корисен за да се шири знаењето, исто така и во овој сегмент.


Наскоро доаѓате во Македонија. Што знаете или сте слушнале за нашата земја и храна, како и за Балканот генерално?

- За жал, не знам многу за вашата култура и традициите за готвење, така што ќе биде убаво изненадување да откријам што е можно повеќе додека сум таму.

Што може да очекуват посетителите на настанот во Веро, каква храна и идеи ќе им презентирате?

- Се надевам дека на сите посетители ќе им се допадне овој убав настан, како и вкусната храна која што ќе ја приготвуваме. Ќе им презентирам како може со малку труд и за кратко време да креираш уникатен вкус, така што сите ќе може да го пробаат истото дома.


Спонозорирани линкови

Маркетинг