Tonino Lamborghini: Одсега љубителите на вистинско италијанско еспресо ќе уживаат во нов избор!

Точка

17/11/2016

12:58

2.995

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот Интернационален бренд Tonino Lamborghini и официјално ја најави нивната соработка со А&Е Груп Корпорејшн на Македонскиот пазар.

На 9.11.2016 во хотелот Александар Палас се одржа презентација на палетата на Tonino Lamborghini.

Со тоа, овој престижен бренд Ви ја предава целата своја историја преточена во шолја квалитетно кафе, топло чоколадо или чај, додека италијанскиот стил на висок квалитет ја прифаќа природната тенденција за усовршување на добро познатиот бренд чие лого е надалеку препознатливо.


Прецизната процедура при изборот на зрната кафе, софистицираните фази на производство, печење и складирање, како и строгите производни контроли резултираат во исклучително висок квалитет на мешавини коишто ќе ги задоволат сите ваши сетила.

Затворени во ексклузивно пакување, производите под логото на Tonino Lamborghini ќе ви дадат вистинска експлозија од сензации, непогрешлива арома и богат, неповторлив вкус – вкусот на вистинското италијанско еспресо...




- Сигурни сме дека брендот “Тонино Ламбургини” е светски познат и моќта на самиот бренд заедно со новите партнери ќе ни помогне побрзо да се распространиме и на вашиот пазар. Знаеме дека конкуренцијата е огромна на ова поле, но сигурни сме дека покрај нашиот бренд - немаме вистински конкуренти – изјави Џанандреа Дамјани, интернационален менаџер од Ламбургини груп.

Tonino Lamborghini Macedonia 1 from Tocka Mk on Vimeo.


А&Е груп е компанија која за прв пат во Македонија го доби правото да увезува и продава производи од палетата на Tonino Lamborghini и тоа кафе, топли чоколада и чаеви.


- Нaшата цел и мисија како компанија е да им понудиме на нашите потрошувачи еден поинаков избор кој се обликува со стил, врвен квалитет и традиција. Нашата обврска е да им овозможиме на сите оние кој што досега немаа можност на нашиот пазар да пробаат нешто навистина автентично и вредно” – изјави Менаџерот Никола Илиевски.


Сите заинтересирани купувачи веќе можат да се јават и да ги купат производите во продажните простории на А&E Груп Корпорејшн на Ул. Наум Наумовски Борче бр.40 1/5 во деловната зграда “Кубус” или да се ја посетат нивната веб страна http://www.aegroup.mk/.



Спонозорирани линкови

Маркетинг