Deutsche Welle: Што може Молдавија да очекува од Игор Додон – опасноста е во федерализацијата

Макфакс

16/11/2016

11:52

1.557

Големина на фонт

а а а

Иако овластувањата на шефот на државата на Молдавија се ограничени, најголемите ризици кои се кријат во претседателството на Игор Додон се поврзани со предизборните планови за федерализација на републиката, коментира Deutsche Welle.

Гласањето на избирачите во Молдавија е протестно, а овластувањата на претседателската институција се ограничени, потсетува заменик-министерот за надворешни работи и европска интеграција Андреј Попов.

„И тоа не се вклопува во очекувањата на избирачите, кои сакаат да се решат најитните проблеми со малите пензии и високите цени”. Според Попов, согледувајќи дека брзото решавање на овие проблеми е невозможно, „Додон ќе се фокусира на промовирање на геополитички и идеолошки прашања, како што се односите со Русија, опасноста од обединувањето со Романија, училишната настава по историја, националниот идентитет на Молдавците итн“.

Но, според Попов, овој пристап уште повеќе ќе го отуѓи електоратот и ќе ја продлабочи поделбата во општеството. Политичкиот аналитичар Јон Тергуста предупредува дека „по изборите за претседател може да се појават проблеми со федерализација на земјата”.

Единствениот начин за решавање на конфликтот во Транснистрија, според новиот претседател, е федерализацијата на Молдавија. Тоа е „единствениот реален пристап”, кој де факто ќе го зачува интегритетот на земјата, тврди социјалистот.

„Нашите главни странски партнери (Брисел, Берлин, Москва, Вашингтон) повеќепати јасно ставија до знаење дека идејата за федерализација ќе биде поддржана од нив“, е една од изјавите од Додон пренесена од страна на молдавските медиуми.

Но, според Јон Тергуста, „не е возможно на сила да се создаде федерација, а покрај тоа, такво нешто не може да биде воведено во земја на чија територија има странска армија“, бидејќи во Транснистрија сѐ уште има руски војници и руско оружје.


Спонозорирани линкови

Маркетинг