Интервју со Јована Аврамовска од Фчерашни Новости: Очекувајте надградена и подобрена верзија!

Точка

16/11/2016

10:30

10.702

Големина на фонт

а а а

После 3 месеци од крајот на првата сезона на Фчерашни Новости, овој викенд стартува и нова, втора сезона од ова популарно шоу. На оваа тема, за тоа што сè може да очекуваме, овојпат разговараме со Јована Аврамовска од тимот на Фчерашни.

Зошто толку чекавте за втора сезона?Јована:

Не чекавме долго. Поминаа само околу 3 месеци од крајот на првата сезона. Ама штом на вас ви се чини долго, значи дека сме ви недостасувале. Инаку, овие три-четири месеци работевме на тоа емисијата да ја дотераме, да ја освежиме со нови идеи, нови ликови. Да биде достојна на првата и нејзина надградена и подобрена верзија. И така, во недела после вестите во 18:30 почнуваме. Со сигурност тврдам дека сега ја имаме добитната комбинација.

Какви беа реакциите на гледачите по првата?Јована:

Анкетите велат дека убедливо водиме... Релевантни агенции за истражување на јавното мислење направија истражувања кои покажуваат дека не само гледаноста, туку и реакциите на јавноста се позитивни. Како кај домашната, така и кај странската јавност.

Како мислите странската јавност?

Јована: Имаме инсајдерски информации дека одредена група припадници на македонската дијаспора во Словенија се собирала секоја недела со цел да ја проследи најновата епизода. Ја користам оваа прилика да упатам срдечен поздрав до гледачите од сите европски метрополи и помали места, како и до нашите пријатели и колеги од Австралија.

Наша Јована 😍 #fcerasni

A photo posted by Фчерашни Новости (@fcerasninovosti) on

Твоето образование не е директно поврзано со она што сега го работиш. Ти по струка си економист на оддел Е-Бизнис, како се снаоѓаш со медиумите, односно со Фчерашни?Јована:

Со оглед на тоа што во медиумите на некој начин сум присутна веќе 4 години, може да се каже дека сум завршила своевиден факултет. Екипата на Фчерашни располага со неколку исклучително успешни професионалци во оваа област, кои со задоволство го споделуваат своето знаење со нас помладите кадри.

Како оди соработката со Петар? Дали веќе имате проби за новата сезона?

Јована: Може да се каже дека сме компатибилни како соработници. Имаме перфектна работна атмосфера. Веќе е во процес изработката на најновата епизода. Од она што веќе го снимивме, убедена сум дека ќе ги оправдаме очекувањата на гледачите.

9Gag и кокошката од Фчерашни, што беше тоа?

Јована: Воодушевени сме од успехот на тој извадок од нашата емисија на еден од најпосетените и највлијателни хумористични сајтови во светот. На 9Gag објавата со кокошката Убавка Селска, постигна извонреден успех. Истиот сегмент подоцна беше превземен од многу други релевантни медиуми.

Едно лично прашање, каде излегува Јована овие денови? Како одбираш каде ќе го поминеш слободното време за дружење?

Јована: Со оглед на брзото темпо со кое се соочува секој млад човек во денешницата, слободното време е своевиден луксуз. Јас како индивидуа се трудам моето слободно време да им го посветам на моите најблиски и најрелевантни личности. Дел од нив секако се моите пријатели, како и моето потесно и пошироко семејство. Со оглед на актуелната понуда на места за излегување, во нашата метропола, секогаш ги одбирам оние најмонденските, со најпријатна атмосфера. Секако важно е моите расходи по основ тоа излегување, да не се поголеми од моите месечни приходи

Кога Фчерашни?

Фчерашни во Недела. Во 19:10 на Телма. Добра вечер!




Спонозорирани линкови

Маркетинг