Интервју со Д-р Соња Петрушевска Доневска стручен медицински соработник за Еуцерин во Македонија

Точка

15/11/2016

10:23

6.925

Големина на фонт

а а а

Стареењето на нашиот организам претставува резултат на неговата намалена регенеративна моќ. Знаците на стареење секако ја зафаќаат и кожата, а првите знаци на стареење се брчките, но со годините доаѓа и до постепено намалување на цврстината и волуменот на кожата, се намалува еластичноста, а кај повозрасните како резултат на намалена микроциркулација постепено се намалува и убавиот сјај на кожата.

Уште многу други фактори влијаат на состојбата на нашата кожа, а што сè може да преземете како најдобра превенција, овојпат Ве советува Д-р Соња Петрушевска Доневска, стручен медицински соработник за Еуцерин во Македонија.

Колку загаденоста во есен и зима влијае на нашата кожа? Како да се заштитиме?

Нечистотиите секогаш неповолно делуваат, бидејќи не ѝ дозволуваат на кожата слободно да дише и можат да ја иритираат. Тие воедно го намалуваат и ефектот на активните супстанции во производите кои се користат за нега на кожата или за лекување. Затоа е потребно кожата да биде добро исчистена од нечистотии, шминка и сл., особено навечер пред легнување и пред нанесување на ноќната нега.

Колку стресот влијае, посебно на нашето лице? Како ефикасно да се заштитиме, во услови кога слободното време е редок ресурс?

Стресот има многу големо влијание на состојбата, односно на изгледот на нашата кожа. Сите сме осетиле како изгледаме после подолготрајна напорна работа, после непреспиени ноќи, после некои немили настани. Затоа се потребни добра основна и дополнителна нега, за да ѝ помогнат на кожата полесно да го помине ваквиот период кога знаците на умор се присутни, а знаците на стареење побрзо се појавуваат или стануваат повидливи.


Што е ново оваа есен од Еуцерин?

Оваа есен како новина од Еуцерин ја имаме новата линија Elasticity+Filler. Линијата се состои од 3 производи за нега, дневен крем, ноќен крем и масло за нега на кожата на лицето, вратот и деколтето. Производите се наменети за нега на возрасна кожа после 50-тата година од животот.


Колку соодветната нега на кожата придонесува да се успорат одредени старосни процеси?

Стареењето на нашиот организам е резултат на неговата намалена регенеративна моќ. Како и целиот организам, знаците на стареење ја зафаќаат и кожата. Првите знаци на стареење се брчките, но со годините доаѓа и до постепено намалување на цврстината и волуменот на кожата, се намалува еластичноста, а кај повозрасните како резултат на намалена микроциркулација постепено се намалува и убавиот сјај на кожата. Кај дел од возрасните, како резултат на намалената отпорност на истенчената кожа кон УВ-те зраци, може да се јави и црвенило во предел на лицето. Убавината на соодветната нега за кожата е во тоа што активните состојки во производите ѝ го даваат на кожата токму она што ѝ недостасува и со тоа ги отстрануваат знаците на страеење или пак значајно го успоруваат времето на нивното појавување.

Какви се проблеми може да третира медицинската козметика Еуцерин?

Медицинската козметика Еуцерин третира најразлични проблеми на кожата. Можеби најатрактивни се производите за подмладувачка нега на кожата, но исто ефикасни се и производите за чистење и нега на чувствителна, атопична кожа и сува кожа, производите за масна кожа и акни, производите за хиперпигментни промени и заштита од сонце, шампоните за коса (чувствителен скалп, перут и сл.), специјализираните производи за нега на машка кожа.


За кого е наменета колекцијата Еуцерин. Дали може да ја користат и мажи?

Колекцијата Еуцерин е наменета за двата пола, бидејќи и мажите и жените имаат потреба од нега на нивната кожа. Што ќе избереме за нега зависи од возраста и моменталната состојба на кожата.

Дали може медицинските козметички производи да се користат и употребуваат како и препаратите на препаративната козметика, односно дали медицинските козметички препарати можат да се употребат како подлога пред да се нанесе шминката?

Медицинската козметика може да ја користат сите луѓе кои имаат желба или потреба за овие производи. Медицинските козметички препарати можат да се употребуваат и како подлога пред да се нанесе шминката.

Сепак, би сакала да ги замолам идните корисници на медицинска козметика до колку не се сигурни кој производ би им одговарал за нивната кожа, да побараат професионален совет од доктор дерматовенеролог или фармацевт. Освен тоа постојат и тестери за проба на медицинските производи со кои дефинитивно би се решила дилемата до колку постои.

Препорака: Слободно користете медицинска козметика и чувствувајте се убаво во својата кожа!


Спонозорирани линкови

Маркетинг