Министерот Миноски се сретна со делегација на Македонско – Турската Стопанска комора

Макфакс

11/11/2016

19:08

705

Големина на фонт

а а а

Министерот за финансии Кирил Миноски во петок прими делегација од Македонско – Турската Стопанска комора (МАТТО), предводена претседателот на комората Туна Ејуп Кахвеџи.

На средбата министерот за финансии и членовите на комората имаа можност да дискутираат за актуелни прашања за климата за водење бизнис во Македонија, како и да дадат сугестии и идеи за нејзино понатамошно унапредување.

На крајот на средбата на министерот Миноски од страна на претседателот на комората Кахвеџи му беше врачена плакета како симбол на добрата соработка.

Покрај претседателот на МАТТО, на средбата присуствуваа и дел од членките на Управниот одбор на Комората: Турхан Адеми од Халк банка, Мунир Колашинац од Вардар Експрес, Асмир Јахоски од Пуцко Петрол, Барчин Борахан од Рамстор, Барчин Шенсојлу од Суташ и Муртеза Сулооџа од Јени Балкан.


Спонзорирани линкови

Маркетинг