Почина легендата Леонард Коен

Макфакс

11/11/2016

09:07

3858

Големина на фонт

а а а

Канадскиот пејач Леонард Коен почина на 82-годишна возраст, се наведува на неговата Фејсбук страница, пренесоа светските медиуми.

„Со жалење ве известуваме дека почина легендарниот поет, канатвтор и уметник, Леонард Коен. Загубивме еден од најголемите музички визионери“, се наведува во соопштението.

Во соопштението не е наведена причината за смртта, туку само информацијата дека комеморацијата ќе биде одржана во Лос Анџелес, во наредните денови.

Леонард Коен е роден на 21.септември 1934 година во Монтреал, школувањето го започнал во основното училиште Рослин.



Особено го интригирале песните на Федерико Гарсија Лорка. Како тинејџер учел да свири гитара, а во тој период го основал кантри бендот „Баскин Бојс“.

Во 1951 година се запишал на универзитетот Мекгил, каде освоил неколку награди за својата поезија. Првата збирка на песни „ Let Us Compare Mythologies“ ја објавил во 1956 година.


Втората збирка на песни „The Spice-Box of Earth“ која ја објавил пет години подоцна му го носи епитетот на „нов глас“ во канадската поезија.

Во текот на шеесеттите години најмногу пишувал поезија во својата куќа на грчкиот остров Хидра. Музичката кариера ја започнал во 1967 година кога се преселил во Њујорк. Истата година го објавил својот прв албум „Songs of Leonard Cohen“

Песната „Hallelujah“ ја објавил во 1984 година и од нејзиното издавање се објавени околу 300 верзии на разни изведувачи. Покрај оваа песна низ целиот свет се познати неговите хитови „Suzanne“и „I’m Your Man“.


Коен, во текот на својата кариера, објавил 14 албуми и добил околу 40 награди. Својот последен албум „You Want It Darker“ го објави минатиот месец. Во Рокенрол „Куќата на славните“ е примен во 2008 година, а Греми наградата за животно дело ја доби во 2010 година.

Неодамна во интервју за Њујоркер, Коен рекол: „Подготвен сум да умрам. Се надевам дека не е премногу непријатно. Тоа е тоа од мене. Голема промена е кога си блиску до смртта. Јас сум одговорно момче и сакам да ги довршам работите кои сум ги започнал. Тоа е дел од мене“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг