Погледнете како со филмската EXIT магија се создава летото на љубовта!

Точка

10/11/2016

16:58

2.041

Големина на фонт

а а а

Објавен е официјалниот Aftermovie за овогодишната EXIT Авантура!

Минатото лето во регионов повторно помина во духот на EXIT i Sea Dance фестивалите, кои заедно ја чинат EXIT Авантурата, фестивалското летување кое е единствено во светот. Годинава двата фестивала собраа речиси 300.000 фанови и ги поведоа на патување од магичната Петроварадинска тврдина во Нови Сад до тиркизната плажа Јаз недалеку од Будва, прогласена од страна на Lonely Planet за најдобра во Европа! На повеќе од 30 жанровски различни бини настапија околу 1000 уметници кои заедно со публиката од над 60 земји во светот ја креираа вистинската EXIT магија за време на вкупно седум фестивалски дена и ноќи. А и многу подолго за многумината кои останаа да го поминат летото кампувајќи на песочните плажи кои и двата фестивала ги имаат во близина. Сето тоа е забележано во новиот, краток филм за EXIT Авантурата низ кој нѐ води шумската вила чиј магичен танц ја гради тврдината со сите тунели, ровови и мостови, на која ги доведува публиката и музичарите од сите континенти и им остава траги за следното EXIT Лето на љубовта 2017!

Погледни го официјалниот Aftermovie за EXIT Aвантурата 2016:



Ликот на EXIT магијата во краткиот филм го игра младата Софија Миленковиќ, која одлично се снајде под режисерската палка на Соња Петровиќ, младата надеж на српскиот филм, во чие сценарио, со мала помош на главната јунакиња, се запознаваат ликовите кои ги толкуваат Сунчица Миловановиќ, Милош Ѓуровиќ, Димитрије Аранѓеловиќ и Ивана Милинковиќ. Сите кои ќе го погледнат и споделат видеото на Фејсбук и Твитер со хаштагот #ExitMagicMovie автоматски учествуваат во наградната игра во која една случајно избрана личност ќе добие влезници за EXIT Summer of Love 2017, со сместување и превоз за двајца од Петроварадин до Јаз!

EXIT ова лето го собори сопствениот рекорд на вкупна посетеност, остварувајќи и нов рекорд за најпосетената ноќ во историјата на фестивалот, и тоа во недела кога програмата ја предводеа The Prodigy и Wiz Khalifa. На тврдината настапија и поп принцезата Ellie Goulding, инди-рокерите Bastille и The Vaccines, докторот на фанкот George Clinton, најголемиот хитмејкер на денешницата David Guetta, раперот Stormzy, африканските бунтовници Tinariwen, како и ѕвездите на електронската сцена како што се Richie Hawtin, Maceo Plex, Nina Kraviz, Solomun, Marco Carola, Dimitri Vegas & Like Mike, Oliver Heldens, DJ Hype, Sigma, Wilkinson и бројни други. Авантурата продолжи на плажата Јаз каде за време на три дена и ноќи на Sea Dance фестивалот настапија Skrillex, Hurts, Lost Frequencies, Andy C, Sub Focus, Black Coffee, Jeff Mills, Stereo MC's, Banco de Gaia и многу други.

За EXIT Лето на љубовта 2017. веќе 20.000 пријавени за влезници!


За следниот EXIT кој ќе биде одржан од 6-ти до 9-ти јули 2017 година на Петроварадинска тврдина, за влезници се пријавија дури 20.000 посетители од 60 земји во светот, кои први ќе имаат шанса да ги набават своите влезници по првата, најповолна цена. Следното лето, EXIT ќе го прославува јубилејот 50 години од славното „Лето на љубовта“ (Summer of Love) од 1967. кога настана револуционерното хипи движење кое засекогаш го промени светот, борејќи се за мир, слобода, човекови права, односно општествена, расна и полова рамноправност.


Спонозорирани линкови

Маркетинг