Новото задолжување на Македонија, во услови на рекорден јавен долг

Макфакс

09/11/2016

11:28

1.421

Големина на фонт

а а а

Тековнава седмица, во периодот од 8-ми до 15-ти ноември Македонија планира да се задолжи 12,1 милиони евра, преку две аукции на кои на домашните кредитори ќе им видат понудени државни записи и државни обврзници. Така се зајакнува трендот од последните осум години секој жител на земјата задолжува по половина евро на ден, и годинава се зголеми за уште двојно.

Позајмените пари преку државните обврзници ќе се враќаат за шест месеци до една година, односно за две години за парите позајмени преку обврзница.

Според најновите најави јавниот долг на Македонија изнесува близу 4,8 милијарди евра или 50,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на Македонија, што претставуа рекордно ниво. Информација којашто може да се види на javendolg.mk. Со ова задолжување Македонија ќе ја надмине границата од 50 отсто од домашниот бруто производ, ломит кој Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не ја препорачува.

Брзината со која се зголемува долгот, исто така, е загрижувачка. Долгот по жител сега изнесува 2.350 евра и тој во моментов е трипати поголем во однос на 2008 година кога изнсуваше 750 евра по жител. Во периодот од 2008 година па наваму, Македонија се задолжува по милион евра на ден, односно секој жител го задолжува по половина евро на ден.

Во 2016 година темпото се засилува по два милиона евра на ден, односно по евро на ден по жител. Трендот на задолжување ќе продолжи и во иднина, бидејќи состојба е критична.

Продуктивноста се намалува, младите секојдневно ја напуштаат државата, а пензиите и платите во јавната администрација растат, со што товарот најмногу паѓа на приватниот сектор кој не може да го држи чекорот.

Од Министерството за финансии истакнуваат дека македонскиот долг е меѓу најниските во Европа. За споредба долгот на Црна Гора изнсува 61,8 отсто, на Албанија изнесува 69,8, на Србија – 71,9, на Словенија – 82,3, на Хрватска – 84,5, рекордерот на простор Грција – 172,2 отсто. Економскиот развој на Македонија за 2017 година се предвивидува да биде 3,3 проценти, само Босна и Хергеговина и Србија ќе имаат помал раст од нас. Процената на растот на долгот како процент од БДП во реално време се прави така што апсолутниот износ на долгот од првиот бројач се дели со номиналниот

БДП за претходниот 4 квартала. Просечната камата по години изнесува (Податоците кои се прикажани подолу се само процени, на база на официјални податоци од Министерството на финансии):

- 2010 година камата изнсувала 2,67 % , (52 милиони евра),(3177 милиони денари)*
- 2011 година 2,34%, (56 милиони евра),(33471 милиони денари)*
- 2012 година 2,36%, (69 милиони евра),(4216 милиони денари)*
- 2013 година 2,28% (75 милиони евра),(4605 милиони денари)*
- 2014 година 2,11% (83 милиони евра),(5090 милиони денари)*
- 2015 година 2,48% (105 милиони евра),(6457 милиони денари)*

Процена на јавниот долг од 2010 година до 2016 (заедно со трет квартал ) изнсувал:

- 2010 година 1936,3 милиони евра*
- 2011 година 2414,9 милиони евра*
- 2012 година 2908,8 милиони евра*
- 2013 година 3281,4 милиони евра*
- 2014 година 3921,3 милиони евра*
- 2015 година 4227,2 милиони евра*
- 2016 година (со 3 квартал ) 4759,3 милиони евра*

Кога овој износ ќе се подели на денови за овој цел период (2.830), се добива дека секој ден растел во просек за 1,34 милиони евра. Тоа значи дека секој час растел просечно за 56 илјади евра, односно 16 евра просечно во секоја секунда.

Директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели, посочува дека годинава економскиот раст на Македонија се намалил за 2 отсто главно како последица на намалените инвестиции кои биле силно погодени од политичката ситуација, но сепак се надева дека по изборите ситуацијата ќе тргне на подобро.

Исто така, од Светска банка посочуваат дека расте притисокот врз пензинскиот фонд, дека опасноста ќе биде на краток рок и на долг рок. Практично, 89 отсто од новоотворените работни места се креирани со фискален стимул, каде што работодавецот е ослободен од плаќање социјални давачки и слични давачки. Фискалната стимулација значи и помали приходи во пензинскиот фонд, а кусокот се дополнува со пари од Буџетот. Со Буџетот за 2017 година оваа сума изнсува 452 милиони евра или рекордни 45 отсто од парите потребни за исплата на тековните пензии. Според податоците, бројот корисници на пензии изнесува 301.933 луѓе, кои според видот на пензијата најголем дел припаѓаат на старосната пензија со 61,26 отсто.

Прашањето е до кога ќе може да се држи чекор на ваквата ситуација.


Спонозорирани линкови

Маркетинг