Интервју со Жаре, Мешевски и Спасе: Викендов започнува Еден на Еден сезона 8

Точка

08/11/2016

09:50

5.258

Големина на фонт

а а а

Прочитајте го интервјуто со Жаре, Мешевски и Спасе, коишто се дел од најгледаното македонско ток-шоу Еден на Еден, а чија осма сезона ќе стартува токму претстојниов викенд.

Жаре, Мешевски, Спасе, како за почеток добар ден, навистина ни е чест што ве имаме тука.

Жаре:Добар ден

Мешевски: Мило ми е

Спасе: Аллооуууу

Тројцата сте дел од најгледаното македонско ток-шоу Еден на Еден, по интернетот веќе се објавени првите најави за новата, осма сезона од шоуто, па да ве запрашаме, што може да очекуваме од новата сезона на Еден на Еден?

Жаре: Па тоа што го гледавте до сега, плус уште повеќе забава, подобар хумор, и повеќе сегменти кои што ќе им донесат задоволство на лицата на публиката. Имаме новитети во студиото и новитети во тимот кој работи. Истите луѓе од минатата сезона се тука, но додадени се неколку нови сценаристи од Македонија и Словенија.

Мешевски: Јас знаеш што мислам? Ако немаат никакви очекувања, позадоволни ќе испаднат. Еве нека земат пример од жена ми. Пред да стапи во брак со мене немаше никакви очекувања, па еве сега воопшто не е разочарана. Еве малку нека е, ај.

Спасе: Нека очекуваат што сакаат, кој сум ја да им се мешам? Ја дома не мешам кога жена ми ми вика да и мешам... “Ајде Спаско, треси газо” ама ја ич!

Нешто што стана константа во последните сезони беа јавувањата на Спасе. Дали може да очекуваме повеќе јавувања на Спасе оваа сезона?

Жаре: Па искрено не знам, Спасе не е човек што може да се предвиди, и се јавува кога најмалку очекуваме. Не сме никогаш на чисто со него.

Спасе: Не знам што значи конс… Конс... Како рековте тоа...

Жаре: Константа, Спасе...

Спасе: Костана.

Во вашата емисија поминале премногу гости до сега. Нема ѕвезда од Македонија, па и балканот што не дошол во Еден на Еден. Дали имате некоја посебна желба за гостин во оваа осма сезона?

Жаре:

Па сега кога е сама, Анџелина Џоли сакам, да дојде, да ја шармирам и да ја направам македонска снаа!

Мешевски: Опа батооооо!

Спасе: И јас би сакал некој светски познат човек да им дојде во емисија кај нас. Еве ја би го предложил Орце Стефковски. Царот.

Ова ви е осма сезона. Нешто за кое десетици и десетици македонски емисии сонувале, но не успевале да го постигнат. Што научивте и колку еволуиравте во изминативе седум сезони?

Жаре:

Има промени секако.

Мешевски: Од кога сум дел од Еден на еден до сега се поправив едно десет кила, и тоа пред се е најголемата промена кај мене.

Жаре: Најмногу ми е мило што изградивме толку добар и квалитен тим, што речиси 40 луѓе работат на секоја епизода и го даваат максимумот, а притоа се блиски и се дружат како професионално, така и приватно.

Спасе: Јас не знам тоа, промени не промени што ме прашуваш. Ве лажат американците со вакви прикаски...

И за крај, дали има нешто што сакате да им порачате на илјадниците ваши фанови?

Жаре: Па сакам да им се заблагодарам на сета поддршка и да им порачам дека повторно ќе дадеме се од себе едвај да чекаат да дојде нова епизода секоја сабота на Телма во 19:15 часот

Мешевски: Да продолжат да гледаат Еден на Еден и да не се срамат да ми побараат автограм на улица. Особено ако се згодни девојки. Тогаш дури и можат само да ми намигнат, а јас ќе си дојдам сам.

Спасе: Јас сакам на сите македонци што живеат во иностранство да им порачам еден ајфоун да ми донесат. Мерси.




Спонзорирани линкови

Маркетинг