Прашање на национален идентитет: Еве зошто Американците секогаш мора да имаат непријатели

Точка

07/11/2016

11:31

5.984

Големина на фонт

а а а

Американците мора да пронајдат непријател против кого ќе се борат, нацијата секогаш мора да биде обединета...

Во првот век пред новата ера, римскиот историчар Гај Крисп напишал дека Римската империја потонала во хаосот и внатрешните немири затоа што државата останала без својот најмоќен непријател – Картагина. Стравот од непријателот придонесува меѓу народот да има единство и пожртвуваност поради опстанокот на државата. Без противници, Римјаните се свртеле едни против други.

Нешто слично се случува и сега. Постојат бројни објаснувања за превирањата во САД – од глобализацијата до расните и класните тензии. Сепак, еден многу важен фактор често се игнорира, а тоа е изостанокот на надворешната закана.


Психолозите одамна имаат докажано дека луѓето многу лесно формираат групи „ние“ и „тие“ кога се загрозени. Желбата за заедничка безбедност лесно може да обедини помали спротиставени групи. Заканата од надвор го зајакнува чувството за национален идентитет. Познатиот харвардски политиколог Карл Дојч дури ја дефинираше нацијата како „група на луѓе обединети околу една погрешна претстава за минатото и омразата кон соседите“.

Ова е посебно важно во САД затоа што пред се американскиот национален идентитет не е базиран на заедничка древна историја, туку на низа на политички идеали. Во земјата чија што популација е составена од луѓе „дојдени“ од сите краеви на светот, силниот национален идентитет и создавањето на „тие“ е клучен за да се одржи нацијата обединета.

После Втората светска војна и уништувањето на тогашниот најголем непријател – Нацизмот, САД го задржа духот на единството во Студената војна, односно Американците добија нов непријател – Советскиот Сојуз. Демократите и Републиканците имале цврст став за тоа дека борбата против комунизмот кој има намера да го освои светот е најважна задача за САД.


Сепак, кога заврши Студената војна, СССР се распадна, падна Берлинскиот ѕид и САД останаа без непријатели. САД во деведесетите години влезе како најпросперитетна земја на светот, но исто така и земја која што ги преиспитува своите национални интереси и својата нова улога во светот.

Со почетокот на „ерата на тероризмот“, односно после нападот на 11-ти септември 2001-ва година, САД повторно влезе во период на опасност. Сепак, војната против тероризмот имаше одредно влијание во САД кое што полека исчезна.

Поради тоа, сега експертите сметаат дека повеќето од Американците сакаат да се фокусираат на внатрешните прашања. Истовремено, се јавува се помасовно прифаќање на радикалните политички идеи, како и преиспитувањето на иднината на државата, односно нејзиниот пат. За ова најдобар показател е претседателската кампања и незапаметените навреди помеѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп.


Кое е решението? Никој не сака војна и непријателства, никој не сака вондредна состојба во која што сите животи се загрозени, а слободите погазени. Наместо со војна, претседателите на економски и воено водечките земји во светот ќе мора да го обединат народот на потешкиот начин – околу нешто позитивно, околу подвизи, големи проекти, историски важни дела како што е сопирањето на глобалното затоплување или нуклеарното разоружување.

Сепак, науката покажала дека луѓето полесно се обединуваат околу подиректните закани (на пример СССР), отколку на индиректните (на пример глобалното затоплување), па затоа задачата ќе биде многу тешка. Сепак, факт е дека САД ќе мора за кратко време да пронајдат нешто за кое што ќе се борат, пред да започнат меѓусебно да се борат.


Спонозорирани линкови

Маркетинг