Сега е вистинското време да заборавите на класичните SUV модели

Точка

01/11/2016

12:44

4542

Големина на фонт

а а а

Изминатиов викенд помина во знакот на Mercedes, којшто најави дека до крајот на оваа деценија ќе започне со сериско производство на моделот EQ, којшто неодамна беше претставен во облик на концепт. Исто така, германскиот бренд подготвил и неколку нови агрегати коишто би требало да го имаат своето деби кај редизајнираната S-Class.

Generation EQ концептот беше изложен на Саемот во Париз, кадешто Mercedes го откри податокот дека електричниот автомобил е опремен со четири Е-мотори, при што вкупната моќност на системот изнесува 402 КС со 700 Nm максимален вртлив момент.


Серискиот Mercedes EQ до 100 километри на час ќе забрзува за помалку од пет секунди, додека автономијата со едно полнење на литиум-јонските батерии ќе изнесува до 500 километри.

Електричниот SUV до 2020-та година ќе се произведува во фабриката во Бремен, а Mercedes планира до 2025-та година да претстави вкупно уште десет нови Е-возила коишто ќе сочинуваат речиси четвртина од продажбата на германскиот бренд.



Што се однесува до редизајнираната S-Class, оваа луксузна лимузина на Mercedes ќе добие нов 4.0-литарски V8 biturbo бензинец со 470 КС и 700 Nm, со систем за деактивација на цилиндрите во опсег од 900 до 3.200 вртежи во минута.

Следната година ќе биде претставен нов шестоцилиндарски бензинец со 48V електричен систем којшто ќе развива 402 КС и 500 Nm. Во план е и нов турбо-дизел агрегат со шест цилиндри и 308 КС којшто ќе го замени стариот V6 агрегат со 254 КС.









Спонозорирани линкови

Маркетинг