Како би можеле да го направиме ‘My Great Recipes’ лидер на пазарот за пребарување и споделување на дигитални рецепти?

Точка

31/10/2016

15:18

3.560

Големина на фонт

а а а

Со веќе неколку успешни натпревари со локални компании, Солвео продолжува во подем и ни го објавува новиот натпревар кој овој пат е поддржан од Шведска компанија.

Отворени места: до 20
Насоки на интерес: Е-бизнис, Е-технологии, Маркетинг, Финансии, Менаџмент, Дизајн, Информатички технологии, Психологија
Награда: 30.000ден. (за победничкиот тим)
Компанија: Мy Great Recipes, поддржано од doXteam
Локација: DOXcafe, ул. Пиринска 29
Краен рок за пријавување: 06.11.2016

Станува збор за дигиталната платформа за зачувување и споделување рецепти MyGreatRecipes.com во сопственост на IMP Digital компанија од Шведска која главно го таргетира пазарот во САД. My Great Recipes е платформа која е лансирана во есента 2015 година и до сега има преку 100 000 регистрирани корисници. На платформата корисниците можат да ги зачувуваат своите рецепти како и да ги споделуваат и пребаруваат рецептите од најразлични извори.


Предизвикот на кој треба да одговорат студентите се однесува на активирање на постојните корисници и привлекување на нови активни корисници, како и пронаоѓање начини како да се монетизира платформата.

За време на натпреварот/работилниците студентите ќе се запознаат подетално со платформата и со однесувањата на потрошувачите на пазарот во САД како пребаруваат рецепти, како ги зачувуваат своит и како ги споделуваат со своите пријатели и семејства.

Дополнително преку разгледувањето на сегашната платформа и на платформите на конкурентите ќе пронајдете и предложите начини како би можел ‘My Great Recipes’ да стане лидер на пазарот за за зачувување, пребарување и споделување рецепти во пазарот во САД.

Зошто да аплицирате?

• Искуство при работа на реален проект
• Ќе работите со голема интернационална компанија
• Можност да добиете парична награда и сертификат
• Вмрежете се со професионалци, компании и студенти
• Истакнете се пред потенцијални работодавачи

Секако една од клучните вредности на Солвео останува заложбата сите учесници во процесот да бидат задоволни, тоа го докажуваат и бројките кои тие ги споделија со нас од преку 96 проценти задоволни учесници до сега.

Дознајде повеќе за натпреварот
http://www.solveo.co/natprevarisolveo/



Спонозорирани линкови

Маркетинг