Интервју со Ване Крстевски, архитект во КераПро: Архитектите го олеснуваат процесот на реновирање и заштедуваат време и пари

Точка

20/10/2016

10:36

10786

Големина на фонт

а а а

Во последно време луѓето сè повеќе им го доверуваат реновирањето на своите домови, деловни простории на овластени архитекти. Од архитектот добиваат скица за просторот, заедно бираат плочки, добиваат совети за многу различни работи, заедно се во целиот процес на изведба. Токму со цел афирмација на ова партнерство од заеднички интерес, се решивме малку да поразговараме на оваа тема.

Кој е бенефитот да се консултира архитект?

Кога реновираат често пати луѓето не се сигурни што сакаат, и дали можат истото сами да го изведат. Затоа во последно време е тренд за тоа да се консултира стручно лице.

Архитектите го олеснуваат процесот и заштедуваат време и пари. Ние во салонот КераПро, http://kerapro.mk/, претставник на керамичките плочки Panaria им даваме совети при изборот на плочки, им подготвуваме скица на просторот, шема како да се редат плочките и распоред на санитаријата, се со цел да се дојде до идеално решение.

Кога вашите клиенти ја реновираат својата бања што ги советувате?

Најпрво го осознавам стилот и насоката во која клиентите сакаат да се движат. Потоа врз основа на информациите кои ми ги даваат и откога ќе го разгледаат нашиот асортиман, ги насочувам на различните дизајни кои можеме да ги постигнеме со избраните плочки.


Советите во однос на изборот на плочките се различни, но најчесто ги советувам за визуелните ефекти кои може да се добијат со различни комбинации на бои и начини на редење на плочките, за просторот да изгледа посветол, поголем, поотворен, но секако според желбите на клиентите. Се случува клиентот на пример да купи лавабо кое не одговара на димензиите, во бањата, или плочките што ќе ги одбере да го стеснуваат и онака тесниот простор, да се погреши изборот на бојата која исто така придонесува за негативен визуелен ефект. Ние им помагаме побрзо и полесно да дојдат до она што го посакуваат.

Честопати посетувате саеми, како и одите во посета на вашата матична компанија Панариа, во Италија. Колку овие посети се корисни за вас?

Нормално дека се корисни, бидејќи со посета се стекнува повеќе знаење, го усовршуваме секој нов начин на производство на керамика за да може да им го претставиме на клиентите, а воедно и го следиме трендот и новитетите кој излегуваат секоја година. Со посета на истите јас би рекол дека може многу полесно да го претставиме она што е модерно и квалитетно и на нашиот пазар, и македонскиот пазар е со префинет вкус, а во последно време клиентите знаат што е квалитетно и добро за својот дом.

Какви бањи сега се модерни?

Во моментов се актуелни имитацијата на природните материјали, како дрвото, мермерот и гранитот. За оние кои повеќе сакаат шарени плочки во мода се поситни плочки со шарена орнаментална обработка. Стиловите се различни и затоа секој муштерија добива посебен третман и го усмеруваме во стилот кој нему најмногу му одговара.


Дали ви се случило некој клиент да имал невозможни барања? Како сте ги разубедиле?

Не постои невозможно барање во изборот на плочки, се зависи од тоа колку клиентот сака да инвестира во истите. Повеќе несогласувања се случуваат при барањата за монтажа на плочките, како редење без фуга во простории со мокри чворови. Ние не се трудиме да ги разубедиме клиентите, туку им објаснуваме кои се последиците од неправилно лепење и монтирање на плочките. Додека во однос на дизајн, ја сум посебно среќен кога од клиент имаме несекојдневна идеја, која со задоволство им ја разработувам до совршено решение.


За уредување на просторот се повеќе се користи вештачки гранит со дебелина од 20мм, наместо да се прави бетонска подлога на која потоа треба да бидат поставени другите типови на плочки. Кажете ни нешто за ова?

Оваа плочка најмногу се употребува во надворешна обработка, со која се скратува времето на изведба на терасите и патеките. Лесно се обработува, со што често се користи за рабови на базени или други декоративни елементи. Исто така се почесто ја употребуваме и како скалник.

Вештачкиот гранит со дебелина од 20мм може да се постави и на тревна подлога или истампонирана површина со што се заштедува време и нормално средства за изработка на бетонска подлога на која треба да бидат поставени другите типови на плочки. Со употреба на овој материјал се добива на време, а визуелно просторот изгледа поубаво.



Спонозорирани линкови

Маркетинг