Целиот свој живот пицата ја јадеме сосема погрешно! Италијански шеф ви го открива вистинскиот начин

Точка

18/10/2016

12:23

11.198

Големина на фонт

а а а

Тестото на пицата треба да биде помеко, па ако го држите за корката, ризикувате за сите состојки да ви истечат од неа...

Пред да го зграбите своето идно парче пица, прочитајте го добро овој текст. Всушност, излегува дека целиот свој живот сосема погрешно ја јадеме пицата. Или така барем тврди стручњакот за храна Даниел Јанг, автор на книгата "Where To Eat Pizza".

Според Даниел, држењето на пицата за корката, е потполно погрешен и неавтентичен начин за консумирање на омиленото италијанско јадење. Тоа е така затоа што вистинското тесто за пица треба да биде помеко, па ако пицата ја држите на ваков начин, ризикувате за сите состојки буквално да истечат од пицата.

Наместо тоа, Даниел Јанг советува пицата да се превитка, и тоа прво на половина, а потоа и уште еднаш, после што може да ја ставиме во салфета.

Оваа тајна тој ја научил од италијанскиот пица шеф Enzo Coccia, а советите ги споделил и преку несекојдневен YouTube туторијал:



Спонозорирани линкови

Маркетинг