Како дошло до нас? 5 вистини за омиленото кафе коишто (не) сме ги знаеле

Точка

17/10/2016

12:07

3997

Големина на фонт

а а а

Иако кафето потекнува од покраината Kaffa на југот во Етиопија, се верува дека првото светско кафуле е отворено токму во Венеција.

1.Кафето потекнува од Венеција

Дрвото кафе изворно потекнува од покраината Kaffa во јужна Етиопија кадешто номадите го џвакале неговиот плод. Идејата за зрната кафе да се претворат во стимулативен пијалак исто така потекнува од Африка. Арапите го преземале тој обичај до 15-от век и на подрачјето на денешен Јемен му се посветиле на одгледувањето и на извозот на кафето.

Пристанишниот град Мока пак прераснал во средиште за трговија на сите популарни видови зрна кафе, а благодарение на оние коишто патувале кон Мека, бројот на љубители на кафето во исламскиот свет постојано растел.

2.Првото кафуле било отворено во Венеција

Луѓето коишто патувале кон истокот во 16-от век сè повеќе се интересирале за кафето. Еден лекар од германскиот град Аугсбург во 1582-та година пишувал и за бенефитите коишто ги донесува кафето. А потоа еден венецијански претприемач заклучил дека кафето би можело да биде и добра професија, па започнал да го нуди кон почетокот на 17-от век.


Славното кафуле "Florian" е отворено во Венеција во 1647-та година. А овој тренд набрзо следел и во останатите градови. Лондон го добил своето прво кафуле во 1652-та година, Марсеј во 1671-та, а Виена во 1683-та година. Кафулињата набрзо станале омилено место за средби на уметниците и интелектуалците.

3.Тајниот начин на одгледување на арапското и турското кафе

Арапите и Турците долго време ги сокривале своите методи за одгледување и производство на кафе како да се работи за државни тајни. Но, снаодливите холандски трговци со измама и подмитување сепак успеале да стигнат до таинствените билки.

Кон почетокот на 18-от век век започнале да садат дрва кафе во своите колонии на териториите на денешна Шри Ланка и Суринам. А Португалија го проследила сето тоа во Бразил, Англичаните ги копирале идеите во Јамајка, а Шпанците ги пренеле во Гватемала, Мексико, Колумбија и Порторико.

4.Кафето претставувало луксуз

Кафето долго време претставувало луксузен производ во Европа. Во секојдневна употреба влегло во Германија како додаток кон секојдневната исхрана за бројното население коешто го додавало во супата од леб како би се изборило против гладта.


5.Капсули за кафе

Денес кафето може да се пронајде насекаде ширум светот, а зрна кафе се одгледуваат во повеќе од 70 држави. Модерните кафулиња ги заменија некогашните традиционални, а сè повеќе компании на своите вработени им обезбедуваат и слободен пристап до кафето.

И додека филтер кафето е најчест избор во многу европски земји, иновациите на полето на подготовката на кафето не стивнуваат. Па така, во денешно време употребата на капсули е сè повеќе популарна, а расте и побарувачката за органски верзии и декларации коишто потврдуваат дека во процесот на производство нема никаква измама.


Спонозорирани линкови

Маркетинг