Новиот хит на Сиа крие трогателна порака за целиот свет

Точка

26/09/2016

21:10

12.344

Големина на фонт

а а а

Сиа, кантавторка од Австралија, не е како сите останати ѕвезди. Таа е позната по тоа што не ја сака славата по која многумина мечтаат, па постојано го покрива своето лице, но исто така е позната по своите емотивни песни и спотови.

Таа многу добро знае со своите песни да ги трогне и растажи своите фанови, но и да му испрати силна порака на светот. Затоа, нејзината најнова песна „The Greatest” дефинитивно треба да се преслуша и добро да се запомнат нејзините зборови.

Имено, пејачката и понатаму чувствува болка поради губењето на 49-те млади животи кои настрадаа за време на терористичкиот напад во Орландо во геј клуб.

Затоа, таа одлучила неколку месеци подоцна, на целиот свет да му стави до знаење дека никако не треба да се заборават тие недолжни животи.



Покрај Меди Зиглер, која е постојан дел од нејзиниот тим, во спотот учествуваат уште 48 млади танчери кои укажуваат на бројот на настрадани таа вечер. Меди на своето лице има исцртано виножито, а на крајот од спотот сите паѓаат на под во клуб кој потсетува на оној во Орландо.


Спонзорирани линкови

Маркетинг